Спорт
Прв пораз за Њу Орлеанс во новата НБА сезона

Во најсилната кошаркарската лига на светот, НБА, по победата на Далас над Њу Орлеанс, нема повеќе непоразени екипи. Покрај Далас нови победи во лигата забележаа Њу Џерси, Голден Стејт, Орландо, Феникс, Шарлот и Оклахома.
Во Далас, Џејсон Тери влегувајќи од клупата го предводеше својот тим до победата над Њу Орлеанс од 98:95. Покрај Тери во домашната екипа се истакнаа Дирк Новицки (25 поени и 10 скока) и Џејсон Кид (16 поени, 8 скока, 6 асистенции). Крис Пол со 22 и Пеџа Стојаковиќ со 17 поени беа најекспонирани кај Њу Орлеанс, оваа екипа сега има скор од осум победи и еден пораз.
Феникс, по лошиот стар на сезоната ја продолжи победничката серија, во Аризона, „сонцата“ го поразија Денвер со 100:94. Шестмина кошаркари на феникс во победата постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Ворик 21, Неш и Фрај уфрлија по 15 кошеви. Кармело Ентони со извонреден дабл-дабл (20 поени и 22 скока) го предводеше Денвер.
На домашен терен победи забележаа Орландо над Мемфис 82:79, Шарлот против Минесота 113:110 и Голден Стејт во дуелот со Детроит 101:97.
Оклахома во Солт Лејк Сити ја изненади Јута, Дурант (30 поени) и остатокот од тимот победија со 115:108. Покрај Дурант одлична игра во редовите на Оклахома пружија Вестбрук и Ибака, двајцата постигнаа по 22 поени. Дерон Вилијамс со 31 поен и 11 асистенции беше најекспониран во редовите на Јута.
Во ЛА, Њу Џерси ги победи Клиперси со 110:96. Центарот на „мрежичките“ Брајан Лопез во победата на неговата екипа постигна 24 поени.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса ја избегна срамната елиминација од третолигаш во Кралскиот куп

Барселона избегна да и се случи слична судбина како на Реал Мадрид во Кралскиот куп, откако по два утнати пенали во регуларните 90 минути, стигна до 2:0 победа над третолигашот Корнелја со голот на Усман Дембеле.
Во 39. минута, обидот на Миралем Пјаниќ од пенал заврши во рацете на 21-годишниот голман на малиот каталонски клуб Рамон Хуан Рамирез, за потоа во 79. минута, по едно крајно соминтелно досуден пенал, Дембеле да има комично лоша изведба и да примора мечот да се реши во продолженија.
Дембеле, на крајот, беше човек на одлука, кога во 92. минута постигна одличен гол од огромна далечина, пред Мартин Брејтвајт во 121. минута да ги постави конечните 0:2.
ript>
Спорт
Луис Суарез ги крена Атлетико на +7 пред Реал!

Луис Суарез постигна два гола, својот 10. и 11. оваа сезона во Ла лига, за Атлетико Мадрид да стигне до 2:1 победа кај Еибар и да направи разлика од дури 7 поени пред градскиот ривал Реал Мадрид и тоа со уште еден натпревар помалку.
Домаќините дојдоа до рано водство, кога во 12. минута, беше досуден пенал, а голманот на Еибар, Марко Дмитровиќ успеа да го совлада Јан Облак од белата точка. Израмнувањето дојде во 40-тата минута преку Луис Суарез, за кого ова е фантастичен 10-ти гол во шпанскиот шампионат оваа сезона. Уругваецот го додаде својот 11. гол во 88. минути за голема победа на тимот на Диего Симеоне.
Атлетико е лидер со 44 поени, седум повеќе од Реал Мадрид, кои имаат и меч повеќе, и дури десет пред Барселона на третото место. Еибар се на 15. место со 19 поени.
Спорт
Ориги го промаши невозможното, Барнли е првиот клуб кој славел на „Енфилд“ од 2017!

Иако цела сезона се мачат со повредите на дефанзивците, кризата во нападот на Ливерпул продолжи откако и покрај поседот од речиси 70 отсто загубија на „Енфилд“ со 0:1 од Барнли, прекинувајќи ја неверојатната домашна низа на англискиот шампион од 2017 година.
Со 13 обиди на голот само во првото полувреме, Ливерпул најголемата шанса ја пропушти преку Дивок Ориги, кој излезе само пред голманот Поуп, но не го погоди голот, туку само пречката.
#Origi Nooooooooooooooooooooooooo pic.twitter.com/BeaK02pYNO
— @Khaltsha_tv (@Khaltsha_tv) January 21, 2021
Во второто полувреме, тој беше сменет со Мохамед Салах, а во игра влезе и Роберто Фирмино, но голот на Барнли остана сочуван, за во 81. минута да биде досуден пенал, кој Ешли Барнс го реализираше за Ливерпул да биде поразен дома првпат од 23 април 2017 година (кога Кристал палас победи со 2:1).
Ливерпул останува на четвртото место на табелата со 34 поени, дури 6 зад лидерот Манчестер јунајтед и 4 зад второпласираниот Манчестер сити, кој има натпревар помалку. Барнли пак, се 16-ти со 19 поени, седум над зоната за испаѓање.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот