Спорт
Шкендија против Металург, Ренова во Скопје

Денес и утре в фудбалското првенство на Македонија ќе се одиграат натпреварите од 15-то коло. Дерби натпреварот во недела ќе се одигра во Тетово, лидерот на табелата Шкендија за противник ќе го има тимот на Металург. Актуелниот шампион Ренова во ова коло на Железара ќе му гостува на Скопје. Интересен се очекува да биде и денешниот натпревар во Тетово, каде актуелниот освојувач на Купот на Македонија Тетекс ќе го пречека Работнички. Комплетни двојки:Денес:Брегалница-ПелистерНапредок-СилексСкопје-РеноваТетекс-РаботничкиНедела, 21 ноемвриШкендија-МеталургВардар-Хоризон Турново.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.
Спорт
Српски ММА борец убиен во Канада

Српскиот ММА борец Страхиња Гавриловиќ е убиен во Канада.
Како што објавува канадскиот „Ла Трибјун“, српски ММА борец и неговата девојка се убиени во Шербрук, во канадската држава Квебек.
Страхиња Гавриловиќ и неговата девојка Едит Дима биле убиени во пукотница во центарот на градот, а полицијата активно ги бара сторителите и го истражува случајот.
Во оваа фаза од истрагата, властите не го сметаат фемицидот или која било друга форма на семејно насилство како можни причини.
„Истражителите моментално се на терен за да утврдат што се случило. Се среќаваме со сведоци и ги разгледуваме камерите во областа. Бараме дополнителни информации“, објасни портпаролот на државата Квебек.
Истрагата ја презедоа надлежните служби на државата Квебек.
Гавриловиќ имаше 14 борби во својата ММА кариера, осум победи и шест порази. Последната борба ја имаше во 2022 година.