Спорт
Тотенхем со пресврт до голема победа над Арсенал, нов пораз на Челзи

Северно-лондонското дерби од 14-то коло на англиската лига донесе возбудлив и драматичен натрпевар во кој Тотенхем успеа да се соземе и да го анулира водството на Арсенал од 0:2 во своја голема победа од 3:2
„Топчиите“ поведоа уште во 10. минута со голот на Самир Насри а во 25. минута предноста на домаќините на „Емирати“ е зголемена од Маруан Чамак.Првите десет минути изминаа во испитување на поставеноста на силите и стратегиите на Арсен Венгер и Хари Реднап но истовремено и со обид од двете страни да се искористи шансата. Во таквата игра Насри беше одлично проигран од Сес Фабрегас по што изби сам пред голманот Гомез кого го мина и откако шутираше морше да потрча по топката за да не излезе во гол-аут и да ја спроведе во голот. Овој гол силно демотивирачки делуваше на „сапрсите“ кои веќе не може да ја префрлат топката во нападот, а одбраната правеше почетнички грешки кои ги искористи Арсенал чиј цел напад учествуваше во постигнувањето на вториот гол. Пављученко во празно го уфрли Насри кој ја продолжи топката на левата страна до Аршавин а овој го пронајде Чамак кој ја смести зад грбот на Гомез. Во овој дел Тотенхем имаше само еден шут во рамките на голот на Арсенал, и тоа во 30. минута кога хрватскиот интернационалец Лука Модриќ од голема далечина биеше но Фабиански одбрани без проблеми. Покрај целосната доминација во првиот дел Арсенал продолжува со својата игра и во второто полувреме, но во Бејл практично од игра без шанси за „спарсите“ усепа да намали на 1:2 во 50. минут. Рафаел ван дер Варт го изедначи резултатот во 67. минута од пенал откако претходно изведе слободен удар а топката во шеснаесетникот го погоди во раката Фабрегас. А четири минути пред крајот намечот целосниот пресврт го доврши Кабол откако повторно во главната ролја се јави Велшанецот Гарет Бејл. Тој беше соборен при брз продор по левата страна од Кошчиелни, по што беше изведен прецизниот слободен удар до главата на Кабол. Ова беше прва победа на Тотенхем по 19 мечеви со Арсенал и прва по 17 години во дуелите со клуб од големата четворка на гостински терен. Арсенал само на полувремето го мина на чело на табелата во Премиершип водечкиот Челзи, а веќе по 45 минути остана трет со 26 бодови додека Челзи и Манчестер јунајтед на првите две позиции имаат по 28 бодови. Лидерот Челзи го загуби и третиот од последните четири мечеви. Овојпат лондонските „сини“ беа поразени на гости кај Бирмингем со голот на Боујер во 17. минута. Овој кикс на шампионот Челзи го искористија манчестерските „црвени ѓаволи“ кои со 2:0 го совладаа Виган. За Јунајтед на овој меч настапи и Вејн Руни, а стрелци беа Патрик Евра во 45. и Хернандез во 77. минута. Болтон со високата победа над Њукасл од 5:1, моментално е на четвртата позиција со 22 бодови колку што има и Манчестер сити но со меч помалку. Домашните ја извојуваа победата со головите на Дејвис во 18. и 90+3. минута од пенал, на Елмандер во 50. и 72. минута, а во 39. минута стрелец беше кореанецот Ли Чунг-Јанг, додека почесниот гол за гостите го постигна новопечениот англиски репрезентативец Енди Карол во 52. минута.Блекпул со головите на Варнеј во 3. и Хејривуд во 44. минута со 2:1 го совлада Вулверхемптон за кој голот го постигна Дојл во 86. минути.Вест бромвич албион на домашен терен беше прегазен од Сток сити со 0:3, со головите на Итерингтон во 55. минута од пенал, како и двојниот стрелец Валтерс кој во 85. минута зголеми на 2:0 а во третата минута од судиското надополнување го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди заигра по три месеци, Леванте со 2:2 реми против Валјадолид

Енис Барди по три месеци надвор од стројот поради повреда, доби шанса да влезе во последните десетина минути од мечот на неговиот Леванте со Валјадолид, кога резултатот беше 2:2, како што заврши мечот од 20-тото коло на шпанската Ла лига.
Даниел Гомез ги донесе Леванте во водство во 62. минута, но гостите направија пресврт за пет минути, преку Алкараз (73.) и Плано (78.), пред во 83. Роџер да израмни на 2:2. Барди влезе во игра во 84. минута, но Леванте не успеа да стигне до шестата победа оваа сезона.
Леванте се на 10. место во Ла лига со 23 поени, додека со три поени помалку Валјадолид се на 15-тото место.
Спорт
Мбапе, Нејмар и Икарди дадоа три гола за три минути, ПСЖ го „здроби“ Монпелје

Пари Сен-Жермен се одвои на три поени од Лил на врвот на табелата во Франција, откако лесно со 4:0 ги совлада Монпелје во меч од 21. коло во Лига 1.
Текот на мечот беше утврден уште во 19. минута, кога голманот на гостите, Јонас Омлин доби црвен картон за еден брутален старт на Килијан Мбапе. Токму Мбапе го отвори резултатот во 34. минута, пред во второто полувреме, „светците“ да ја искористат предноста од играч повеќе за да постигнат три гола за само три минути – Нејмар во 60-тата минута, Мауро Икарди во 61-та минута, и Мбапе уште еднаш во 63-тата минута.
Спорт
Не помогна ниту „чудото“ Халанд – убедлив пораз на Дортмунд во „Борусен дербито“

Ерлинг Халанд уште еднаш го покажа својот неверојатен талент за голови со два гола во шест минути, но тоа не помогна на Борусија Дортмунд која во „Борусен дербито“ загуби на гости кај Борусија Менхенгладбах со високи 4:2.
Мечот започна со поништен гол за Флоријан Нојхаус уште во втората минута, но Менхенглдабах поведе со голот на Нико Елведи девет минути подоцна. Тогаш на сцена стапи норвешкото чудо Халанд, кој во 22. и 28. минута постигна два гола за пресврт. Домаќините, сепак, брзо се созедоа и Швајцарецот Елведи во 32. минута осигура на одмор да се отиде со 2:2.
Рами Бенсебаини ги врати Гладбах во водство во 49. минута, пред во 78. минута, Маркус Турам да ги постави конечните 4:2. Менхенгладбах со победата ги прескокна Дортмунд на четвртото место на табелата со 31 поен, додека „милионерите“ се петти со 29 поени по двата порази во низа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот