Спорт
Победа на Кинеските во скок со стап
Кинеските атлетичари и атлетичарки доминираат во атлетските дисциплини на 12 – тиот ден од Азиските игри 2010 година.Во скок со стап Кинеските го обезбедија првото и второто место. Ли Чаиксиа прескокна 4,30 метри и го освои златниот медал, а Ли Линг со исто така 4,30 метри но прескокнати во вториот обид е носителка на сребрениот медал. Бронзата и припадна на Томоки Абико од Јапонија.Во машка конкуренција Кинезот Лу Ксианг победи на 110 метри со пречки со време од 13,09 сек, пред сонародникот Ши Донгпенг (13,38 сек.) и Парк Таек Јонг од Ј. Кореја (13,48). Во скок во далечина Ким Деок Хиеон од Ј. Кореја прескокна 8,11 метри што беше доволно за златен медал, Су Ксионгфенг од Кина со 8,05 го освои второто место, а трет со скок од 7,96 метри е Хусеин Тахер Аисаба од С. Арабија.Иранецот Ешад Хадади победи во диск со далечина од 67,99 метри, пред Асхмед Мохамед деб од Катар со 64,56 и Мохамад Самими (Иран) со 63,46 метри.Во останатите спортски дисциплини се постигнати следните резултати:Куглање: мажи 1. Бок Еум Чои (Ј. Кореја), 2. А.М. Мохамад (Кувајт), 3. Јианчо Ду (Кина).Куглање Жени: 1. Сун ОК Хванг (Ј. Кореја) 2.Ши Хуа Чери Тан (Сингапур). 3 Јин А Чои (Ј. Кореја):Хокеј на трева, жени: За 1 место Кина – Ј. Кореја 0:0, 5:4 (на пенали). За 3 место Јапонија – Индија 1:0.Карате мажи: Ката поединечно: 1. Кин Ју Кит (Малезија), 2. Итаку Оки (Јапонија), 3. Јусеф Алхарби (Кувајт) и Фајзај Занудин (Индонезија)Кумите – 55 кг: 1. Пуванешма Рамасами (Индонезија), Емад Алмалки С. Арабија). 3. Хсиен Ченг Канг (Тајван) и Хиранит Саратам (Тајланд).Кумите +84 кг.: 1. Заболах Поршаб (Иран), 2. Умар Сариеф (Индонезија) 3. Калид Клахидов (Узбекистан) и Леи Коунг Чеонг (Малезија).Стреличарство м.: 1. Ким Вон Јин (Ј. Кореја), 2. Тарундеп Раи (Индонезија) 3. Сунг Чиа Чун (Тајван.). .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал добил понуди од 100 милиони евра за Белингем
Реал Мадрид се соочува со неочекуван сценарио околу една од своите најголеми ѕвезди. Џуд Белингем, доведен како стратешко засилување и клучен играч на проектот, оваа сезона не игра добро, едноставно не може да се вклопи во тимот.
Клубот е свесен дека англискиот играч за врска не поминува низ најдобриот период и, иако официјално не е на продажба, сериозна понуда би можела да го натера Флорентино Перез да се премисли, пишуваат шпанските медиуми.
Во последните недели, клубот добил понуди од Премиер лигата кои надминуваат 100 милиони евра.
Водечките англиски клубови веруваат дека британскиот репрезентативец е сè уште пазарна можност и се подготвени да инвестираат многу пари во летниот преоден рок.
Таа сума би му овозможила на Реал Мадрид да ја врати инвестицијата и да ослободи простор за реконструкција на средниот ред. Во моментов, ставот на раководството е цврст: Белингем не е на продажба, но целокупната ситуација во клубот внимателно ја следат.
Во клубот постои загриженост бидејќи фудбалерот не се чувствува целосно удобно во својата моментална улога. Неговите напаѓачки перформанси се намалени, барањата во одбраната се поголеми, а статусот во тимот се промени со доаѓањето на нови ѕвезди. Сето ова предизвикува одредена фрустрација кај него.
Реал Мадрид го поддржува, но ако не се подобри до крајот на сезоната, ниту една опција нема да биде исклучена. Клубот го цени неговиот талент, возраст и комерцијално влијание, но дава приоритет на рамнотежата во соблекувалната и спортската конзистентност на проектот.
Прифаќањето на продажба за повеќе од 100 милиони евра би му овозможило на Мадрид да зајакне неколку клучни позиции или да бара профил на играч кој подобро се вклопува во моменталниот систем.
Белигем постигна шест гола и забележа четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рибакина преку Пегула до финалето на АО
Елена Рибакина ќе и се спротивстави на Арина Сабаленка во финалето на Австралија Опен.
Казахстанката, родена во Русија, ја победи Американката Џесика Пегула во два сета 6:3 и 7:5 за еден час и 42 минути во второто полуфинале.
Сабаленка претходно, да потсетиме, убедливо ја победи Украинката Елина Свитолина.
На патот до финалето, Рибакина и Сабаленка, не загубија ниту еден сет.
Финалето во сабота ќе биде реприза од финалниот меч во 2023 година, кога Сабаленка победи во три сета.
Последниот пат Рибакина и Сабаленка играа во финалето на завршниот турнир во Ријад минатата година, кога победи Казахстанката.
Во мечот против Пегула, Рибакина, добинираше се до финишот на вториот сет, а потоа влезе во серија грешки, па го доби во драматична завршница.
Рибакина на 5:3, во вториот сет имаше три брејк, односно меч топки. Пегула се извлече, а потоа Казахстанката не успеа, во два наврати на свој сервис да го заврши мечот.
Во тај-брејкот, Пегула пропушти две сет топки, а потоа Рибакина со три брилијантни поени го заврши мечот.
Foto/ depositphotos

