Спорт
Ливерпул гостува на „Вајт Харт Лејн“

Натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул е дерби на 15-то коло Премиер лигата на Англија
Во пресрет на дуелот, Тотенхем се наоѓа на шестата позиција на табелата со 22 бода, три повеќе од Ливерпул кој е стациониран три позиции подолу. Тотенхем се наоѓа во серија од три победи ( две во шампионатот и една во ЛШ), Ливерпул на последните пет средби има само еден пораз.Водечката двојка Челзи и Манчестер Јунајтед во оваа првенствена рунда ќе гостува во Њукалс (Челзи), односно ќе му биде домаќин на Блекбурн (Манчестер Јунајтед).Второто дерби во ова коло ќе се одигра на „Вила Парк“ во Бирмингем, каде Астон Вила ќе му се спротистави на Арсенал.Двојки од 15. коло во Премиер лигата: Сабота, 27 ноември: Астон Вила-Арсенал, Болтон-Блекпул, Евертон-ВБА, Фулам-Бирмингем, Манчестер Јунајтед-Блекбурн, Стоук-Манчестер Сити, Вест Хем-Виган, Вулверхемптон-Сандерленд. Недела, 28 ноември: Њукалс-Челзи, Тотенхем-Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Колку е лош Јунајтед на Рубен Аморим?

Мандатот на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед стана синоним за неуспех. „Црвените ѓаволи“ синоќа го допреа дното, испаднаа во второто коло во Лига купот од членот на Четвртата лига, Гримзби, што се смета за историски неуспех.
Рубен Маорим, донесен да го стабилизира тимот, стана најлошиот менаџер во поновата историја на славниот клуб. Катастрофата на Јунајтед под Аморим ја покаѓуваат и бројките.
Катастрофата против Гримзби достигнува епски размери бидејќи летово Јунајтед на засилувања потрошија 200 милиони фунти.
Аморим победил на само 24,7 отсто од натпреварите во Премиер лигата, што е најлош учинок на кој било менаџер на Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
За споредба, често критикуваниот Дејвид Мојес имаше половичен успех, победи на 50 отсто од натпреварите, додека Жозе Мурињо е убедливо најдобар со 58,3 отсто победи.
Јунајтед победи само на седум од 29 лигашки натпревари под водство на Аморим, односно тимот победува на еден од четири натпревари, учинок што му доликува на тим во зоната за испаѓање.
Минатата сезона беа освоени само 42 бода, најмалку во историјата на клубот во Премиер лигата, додека 15-то место на табелата е најлошата позиција откако лигата се игра во овој формат.
Тимот постигна само 44 гола во текот на целата сезона, соборувајќи уште еден негативен рекорд.
Јунајтед ретко постигнувал голови во првата половина од натпреварите, во петте најдобри европски лиги, само Џенова била понеефикасна во првите 45 минути од почетокот на сезоната 2024/25.
Фактот дека Аморим има водено повеќе натпревари во Премиер лигата (29) отколку што има добиено (28) е особено разочарувачки.
Во домашните купови и во Европа, против англиски клубови, Аморим има само една победа од пет натпревари, против Арсенал на пенали во ФА Купот.
Тие беа поразени од Тотенхем (двапати), Фулам и во среда од четвртолигашот Гримсби.
Извор/ Би-би-си
Спорт
Милан експресно го договори трансферот на Нкунку

Челзи и Милан експресно го договрија трансферот на напаѓачот Кристофер Нкунку.
Клубовите го договорија трансферот за помалку од 24 часа. Двете страни се согласија за обештетување од околу 35 милиони евра.
Што се однесува до Нкунку, тој ќе потпише петгодишен договор со „росонерите“. Потенцијалниот француски репрезентативец е седмото засилување на Милан, но преодниот рок сè уште не е завршен. Тие би сакале да доведат уште еден напаѓа и стопер на „Сан Сиро“. Главни кандидати во моментов се Душан Влаховиќ и Артим Довбик, односно Мануел Аканџи.
Нкунку дојде во Челзи како големо засилување во 2023 година од РБ Лајпциг за 60 милиони евра. За две сезони, тој одигра 62 натпревари и постигна 18 голови.
Спорт
УЕФА го смени терминот на финалниот меч во ЛШ

УЕФА воведе новитет помалку невообичаен. Од оваа сезона финалето на Лигата на шампионите ќе се одржува во 18:00 часот.
Досега, финалниот меч за највредниот трофеј во клупскиот фудбал се одржуваше во 21:00 часот, но тоа повеќе нема да биде случај.
Како што вели првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, оваа новина е донесена првенствено поради навивачите.
„Со оваа промена, го ставаме навивачкото искуство во центарот на нашите планови. Финалето на Лигата на шампионите е клучен момент од фудбалската сезона и новото време на почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и важно за сите вклучени. Додека терминот од 21:00 часот е посоодветен за натпревари што се играат во средината на неделата, пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на евентуалните продолженија, пенали. А ова им дава поголема можност на навивачите да уживаат со остатокот од вечерта со своето семејство, пријатели, гледајќи го најважниот натпревар во сезоната“, објасни Чеферин.
Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.