Спорт
Азиските игри завршија, Кина освои 199 златни медали
Со натпревари во маратон и одбојка завршија Азиските спортски игри 2010 година. На последниот натпреварувачки ден се одржаа само пет финални дисциплини. Кина освои две злата и стигна до бројката 199 златни медали, нов рекорд на игрите, но само еден од толку посакуваните 200.Маратонката Зоу Ксун Чиу го донесе 198-миот златен медал на игрите победувајќи со време 2:25,00 пред сонародничката Зу Ксиаолон и Ким Кум Ок од Јужна Кореја.Во машкиот маратон победи Ји Јонг Јун (Ј. Кореја), а патеката ја мина за 2:11,11, втор на целта стигна Јукихиро Хитаока (Јапонија), а трет Мубарак Шами (Катар). Мјанмар ги освои првите медали на игрите на последниот ден и тоа во спортот тепак такрав, кој е сличен на нашата игра сервис, но со мрежа, па претставува комбинација на сервис и бадминтон, но без рекети, а со специјална топка. Мјан Мар победи и во машка и во женска конкуренција.И конечно Кина го освои 199-тиот златен медал во финалето во одбојка за жени. Јужна Кореја водеше со 2:0 во сетови, но Кинеските ги добија следните три сета и извојуваа победа во финалето. Во мечот за третото место Казахстан со 3:0 ја победи Северна Кореја. Свеченото затворање на игрите е закажано за саботната вечер.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.