Спорт
Мурињо: Не траба да се плаче

Барса го нокаутираше Реал во „Ел класико“. Фудбалерите на актуелниот шампион на Шпанија, Барселона го декласираа големиот ривал Реал Мадрид, во „Ел клaиско“ дербито со 5:0.
Дуелот на најскапите светски екипи кое јавноста го очекуваше со големо нетрпение во 90 минути донесе игра на само еден тим, Барселона. Домаќинот на „Камп Ноу“ од самиот почеток ја наметна својата игра, со многу брзи и прецизни додавања на која Реал едноставно немаше одговор.Дека на екипата на Жозе Мурињо не и се пишува добро навестија првите 20 минути, во период од 10 до 18 минута Чави и Педро ја погодија мрежата на Икер Касиљас. Во вториот дел два гола постигна Давид Виља во 55 и 58 минута, додека точка на натпреварот стави Жефрен во 91 минута. Асистент на два гола на Давид Виља беше Лионел Меси.Вечерашната победа на Барселона е петта за тренерот на оваа екипа Пеп Гвардиола, додека неговиот колега Мурињо го доживеа првиот пораз како тренер на Реал.По дербито кое го обележа 13-то коло се случи смена на врвот во Примера, Барселона сега има 34 бода, два повеќе од Реал. Реал на „Ноу Камп“ беше посрамотен во 209-то издание на најгламурозното дерби во светот. До понеделникот навечер се навршија 936 денови откако Реал не ја совладал Барселона. Истовремено тоа беше најголемито пораз во кариерата на Жозе Мурињо. „Дали се посрамотивме? Не би рекол. но истовремено го доживеав најголемиот пораз во кариерата. Никогаш никој не ј апобедил екипата што ја водам со 5:0. Но ова е пораз кој лесно може да се свари, тој не носи никави последици. Јасно е дека сме тажни заради резултатот, меѓутоа немаме чувство на горчина во устата. Ова е пораз но не е понжување. Оргавме многу лошо. синоќа ништо добро не напшравивме“, изјави по мечот стратегот на мадрисдкит е„кралеви“.Мурињо смета дека неславанат вечер на „Ноу Камп“ нема да остави траги, бидејќи, како што вели, неговите играчи досега играле фантастично. Од друга страна, неговиот колега Пеп Гвардиола, кусо истакна дека е задоволен, особено од начинот на кој е постигната победата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.