Спорт
НБА:Девета победа во серија за Далас
Далас Маверикс со извонреден финиш во последните пет минути во Арко Арената во Сакраменто, направија скор од 15:4 и по 99:90 за Кралевите успеаја да направат пресврт за победа на гости.
Во последните секунди при 103:105 најнапред Џос Береа од Далас промаши две слободни фрлања со што овозможи на Сакраменто на 11 секунди до крајот, да стигне до израмнување или победа, но Џејсон Тери успеа да го пресече пасот на Карл Лендри и ја обезбеди победата. Новицки повторно беше најефикасен со 25 поени и по пет скокови и асистенции, Џејсон Тери веднаш до него со 23 поени.
За Сакраменто Тајрек Еванс имаше 28 поени 8 скокови и 5 асистенции, а Демаркус Кусинс 17 поении и 11 скокови.
Во Јунајтед Центарот во Чикаго Биковите во продолжение по 109:109 успеаја да го совладаат Хјустон со 119:116. Дерик Роуз беше најдобар играч на натпреварот со 30 поени, 11 асистенции и 7 скокови за Чикаго, Карлос Бузер постигна 25 поени и 9 скокови, а Жоаким Ноа оствари дабл-дабл со 13 поени и 12 скокови.
Во тимот на Хјустон Луис Скола беше најдобар со 27 поени и 8 скокови.
Останати резултати:
Мајами – Атланта 89:77 (Крис Бош 27 п. 10 ск., Двејн Вејд 26 п. 10 ск., Леброн Џејмс 22 п. 7 ск. / Ал Хорфорд 22 п. 9 ск.)
Филаделфија – Шарлот 109:91 (Џоди Микс 26 п., Тадеус Јанг 20 п. / Борис Дија 19 п. 6 ас., Стифен Џексон 18 п.).
Минесота – Кливленд 129:95 (Кевин Лов 28 п. 19 ск. Весли Џонсон 20 п. 6 ск. / Рамон Сешнс 18 п. 6 ас.)
Милвоки – Орландо 96:85 (Ендрју Богут 31 п. 18 ск., Брендон Џенингс 27 п. 7 ск. 6 ас./ Винс Картер 20 п. 7 ск. 6 ас.).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

