Контакт

Спорт

Барса сигурна на гости, Реал се измачи дома

Објавено пред

Во саботата беше неверојатен ден за Барселона, чиишто играчи поради штрајкот на контролорит ена летањето во Шпанија мораа да водат трка со времето за да стигнат навреме на мечот во Памплона, која на крајот ја добија уверливо

dobivaj vesti na viber

Првично Барселона соопшти дека мечот со Осасуна е одложен за во недела заради штрајкот на контролорите, но нaбрзо Шпанската фудбалска федерација демантираше и обајви дека мечот мора да се одигра во сабота навечер со почеток во 20 часот. Така набрзина каталонците се спремија за пат со воз и во 16 часот попладне во саботата тргнаа со супербрзиот воз кон Сарагоса. Таму ги пречекал автобус кој на стадионот во Памплона ги довезол точно во 19.55 минути. Сепак, мечот беше накусо одложен, и започнаточно во 20.50 часот.Иако четири часа патуваа и сметаа  дека во сабота нема да играат по што настанало мало опуштање кај играчите на Барса, сепак тие одиграа уште еден супериорен меч. Лионел Меси ја повтори инспиративната игра опротив мадридски Реал кого Барса го демолираше минатото коло со 5:0. Прво во 25. минута Меси го проигра Педро за водство од 1:0, а во  второто полувреме самиoт беше двапати стрелец, во 64. минута откако беше проигран од Давид Виља, а потоа во 82. минута ефектно реализираше пенал кој беше направен врз него од страна на Серхио. Инаку ова беше прв домашен пораз на Осасуна на домашен терен сезонава, но на гостински терен екипата на легендата на шпанскиот фудбал Хосе Антонио Камачо има катастрофален учинок па е на 12-то место на табелата во Примера. Со многу мака и се чини со една погрешна судиска одлука Реал успеа брзо да го преболе дебаклот против Барса. Четата на Жозе Мурињо не прикажа игра каква што ја прикажувааше во мечевите пред дебаклот на „Камп Ноу“, но стигна до многу важна победа во дербито од 15-то коло на Ла Лига.  Во последната четвртина од мечот, Кристијано Роналдо со два погодока ја совлада Валенсија со што повтроно со 16 голови, еден повеќе од  Меси, е на врвот од листата на стрелците во шпанскиот фудбалски шампионат. Реал во игра во којашто создаде повеќе прилики за водство, но и во која свои шанси имаше и Валенсија, доби огромна предност откако во 64. минута поради втор жолт картон за наводно играње со рака од игра беше исклучен игралот од средината на гостите, Давид Албелдо. Роналдо прво во 74. минута погоди по проигрувањето на Месут Озил а во 86. минута по типична за него соло акција со „хеликоптер“ го мина Рикардо Коста и од шест-седум метри биеше неодбранливо во десната страна од голот на Валенсија. Со оваа победа Реал го сочува стоотстотниот ефект на домашен терен од седум победи во исто толку мечеви и остана на два бода заостанување зад водечката Барселона. Валенсија, пак, остана на 5-то место.Претходно во саботата во првиот меч од 14-то коло, Леванте без големи напори го совлада нестабилниот Атлетико Мадрид со 2:0, со головите на Нано во 3. и Каичедо во 58. минута. Леванте моментално е 15-ти со 14 бодови со можност да биде надминат од Расинг кој има исти број бодови но и меч помалку, додека Атлетико Мадрид моментално е на 7-та позиција соможност да падне дури до 12-то место.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.

dobivaj vesti na viber

Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.

Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.

Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.

Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.

Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата

Објавено пред

Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.

dobivaj vesti na viber

Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.

Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.

Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.

Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.

„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:

„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“

Прикажи повеќе...

Спорт

Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул

Објавено пред

Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.

dobivaj vesti na viber

Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.

Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.

Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија10 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија11 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија13 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија17 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ17 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија18 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија20 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија20 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија20 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија20 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија21 час

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...