Спорт
Ватерполистите повторно загубија од Шпанија

Македонската ватерполо репрезентација по втор пат загуби од селекцијата на Шпанија. Во натпревар одигран во рамките на второто коло во Светската лига, Шпанија ја победи Македонија со 12:8. Шпанците од почетокот ја имаа предноста на полувреме заминаа со предност од 7:5, „црвено-жолтите“ ватерполисти во третиот период израмнија на 7:7, но актуелниот светски вицепрвак со серија од 5:1 го реши натпреварот. Бениќ со три гола ја предводеше македонската репрезентација во чии редови не настапи голманот Перчиниќ, Гарсија со четири гола беше најефикасен во редовите на Шпанија. Во вториот натпревар од групата светскиот првак Србија во Магдебург ја порази Германија со 13:9. Македонија и Шпанија во неделата во Скопје одиграа натпревар во рамките на квалификациите за пласман на ЕП, „фуријата“ победи со 10:6. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Доменикали ќе ја води Формула 1 уште пет години

Стефано Доменикали ќе остане претседател и извршен директор на Формула 1 менаџментот уште најмалку 5 години, објави сопственикот на комерцијалните права на шампионатот, Либерти Медиа.
Поранешниот тимски шеф на Ферари ја презеде Формула 1 на почетокот на 2021 година и под негово водство спортот постигна значителен напредок, како во однос на глобалниот интерес на навивачите, така и во однос на растот на приходите.
Доменик е втор извршен директор на ФОМ по Чејс Кери, кој беше назначен на позицијата откако Либерти Медиа ги купи комерцијалните права за Светското првенство во 2017 година.
Според новиот договор, Доменикали ќе го води ФОМ до крајот на 2029 година, со што е ставен крај на шпекулациите дека тој ќе ја напушти Формула 1 за да го води Мото ГП, каде што Либерти Медиа исто така ги стекна комерцијалните права на шампионатот.
Новата сезона во Формула 1 започнува со тренинзите во петок, пред неделната трка за Големата награда на Австралија.
Спорт
Анчелоти: Кога ја видов реакцијата на Ендрик, решив да шутира Ридигер

Реал имаше повеќе среќа од Атлетико, избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде ги чека Арсенал.
По вкупни 2:2, Реал победи на пенали со 4:2. Клуч за победата беше поништениот пенал на Хулијан Алварез во втората серија.
Мбапе, Белингем и Валверде погодија во првите три серии за Реал, Облак го одбрани ударот на Васкез, а откако Љоренте ја погоди гредата, во петтата серија Ридигер постигна гол со многу среќа. Облак ја имаше топката во рацете, но таа некако успеа да влезе во голот.
„Не бевме сигурни кој ќе го изведе петтиот пенал за нас. Го прашавме Ендрик дали може да го изведе петтиот пенал, но кога ја видовме неговата реакција, решивме дека е подобро Ридигер да го изведе. Го ставивме Мбапе да го изведе првиот пенал затоа што тој е најдобриот изведувач, а Ридигер да го изведе последниот, бидејќи реализираше пенал (минатата сезона) против Манчестер Сити, “, откри тренерот на Реал.
Спорт
Поранешен голман на Партизан извршил самоубиство

Поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ е пронајден мртов. Според порталот „Телеграф“, 47-годишниот Илиќ се самоубил скокајќи од тераса.
Илиќ во два мандати бранеше за Партизан, во првиот од 1998 до 2003 година, а потоа и од 2010 до 2013 година.
Со Партизан освои пет титули во националниот шампионат и два национални купа .
Во кариерата бил играч на Слобода од Ужице, Национал од Букурешт, Борац Чачак, ОФК Београд и Пансераико. Кариерата ја заврши во 2013 година.
Тој забележа и еден настап за сениорската репрезентација на Србија во 2008 година на пријателскиот натпревар против Македонија.
По завршувањето на кариерата беше и во стручниот штаб на српската репрезентација кога на клупата беше Славољуб Муслин.
Подоцна неколку сезони беше тренер на голмани во стручниот штаб на Партизан.