Спорт
Лигети доминира во велеслалом

Американецот Тод Лигети ја продолжи доминацијата во велеслалом во годинашната сезона во Светскиот куп, во алпско скијање.
Лигети во италијанскиот центар Алта Бадија ја забележа третата сезонска победа, тој победи и на првите две велеслаломски трки кои се одржаа во Бивер Крик и Вал д`Изер. До победата во Алта Бадија, Лигети стигна со вкупно време од 2:31.09 минути, оставајќи ги зад себе Французите Сипријен Ришар и Томас Фанара.
Во генералниот пласман во велеслалом Лигети води со максимални 300 бода, 145 бодови помалку има Аксел Лунд Свиндал од Норвешка, додека на третото место со 142 бода се проби Сипријен Ришар.
Американецот е лидер и во вкупниот поредок во Светскиот куп со 321 бод, само шест бода помалку има Силван Цурбриген, на третото место е уште еден швајцарец, Дидие Куш со 294 бодови.
Следната трка во Светскиот куп мажите ќе ја возат во италијанскиот Бормио на 29 декември, кога ќе се вози спуст трката. Следниот велеслалом мажите ќе го возат на 8 јануари 2011 во швајцарскиот Аделбоден. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?