Спорт
Крол победи на спустот во Венген
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/67722d76-9b39-408a-9544-df74a41a5ad7.jpeg)
Австриецот Клаус Крол е победник на најтешката трка во рамките на Светскиот куп, спустот кој се возеже во шајцарскиот Венген. Легендарната патека „Лауберхорн“, Крол ја мина со време 2:31.28 минути. За Крол ова е најдобар резултат оваа сезона, предходно на спустот во италијанската Валгардена заврши на четвртото место. Второто и третото место со задоцнување од 14 стотинки, односно 39 стотинки, го освоија домашните натпреварувачи Дидие Куш и Карло Јанка. Лидерот во Генералниот пласман во Светскиот куп Ивица Костелиќ трката ја заврши на 12-то место со што ја зголеми предноста на врвот во однос на конкурентите. Костелиќ сега има 626 бода, или 115 повеќе од второплсираниот Аксел Лунд Свиндал. Утре на патека во Венген ќе се вози слалом. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот