Спорт
Резервите на Манју се намачија со петолигаш
Членот на петтата англиска фудбалска лига Кроуи таун не се предаде лесно на легендарниот „Олд Трафолд“, а еден од најтрофејните англиски и европски клубови дојде до победа од 1:0
Сер Алекс Фергусон необично за него несериозно го сфати најголемото годинешно изненадување во ФА купот и на теренот ги изведе резервите, најверојатно сакајќи да ги одмори и заштити од моќни повреди стандардните играчи пред финишот од англиското првенство и настапите во Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед победи со голот во 28. минута што го постигна Вес Браун по проигрувањето од Дарон Гибс. Меѓутоа играчите на Кроули таун потоа ги изнамачија домашните играчи кои одвај ја сочуваа својата мрежа. Во второто полувреме Фергусон во игра го внесе и Вејн Руни, но сепак повеќе шанси имаа гостите а особено во последните дваесет минути Ричард Броди промаши неколку добри шанси а во судиското дополнување ја погоди и стативата. Ова за малиот клуб беше највисок дострел откако во 4-то коло претходно го елиминираше прволигашот Њукасл а во саботата доколку направеше сензација ќе беше првиот петолигаш кој по 97 години успеал да се пласира во четвртфиналето на ФА купот. Манчестер јунајтед инаку е рекордер во ова натпреварување со 12 титули. Покрај Манчестер јунајтед во осминафиналето победи извојуваа и Сток сити кој го совлада третолигашот Брајтон како и Бирмингем кој со истиот резултат го совлада второлигашот Шефилд Веднсдеј. За Сток сити стрелци беа Карју во 14., Валтерс во 22. и Шоукрос во 43 минута, додека пласманот во четвртфиналето на Бирмингем му го донесоа Босежур во 6., Мартинс во 12 и Марфи во 53. минута. Претходно во саботата на пенали Евертон го елиминираше домашниот Челзи. Натпреварот Фулам – Болтон е единствен во осминафиналетo, во кој ќе се сретнат тимови од Премиер лигата. Арсенал е голем фаворит против локалниот ривал Лејтон Ориеnт, a Манчестер сити и Нотс ќе одиграат повторен наптревар бидејќи претходниот заврши без победник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

