Спорт
Реал рутински до три бода против Леванте

Во вториот меч од 24-то коло во шпанската Примера мадридски Реал пред своите гледачи рутински го одработи мечот со загрозениот Леванте
Реал славеше со головите на Карим Бензема во 6. и Рикардо Карваљо во 41. минута од мечот. Раното водство беше постигнато кога Ангел ди Мариа направи слалом низ противничката одбрана и ја протури топката до Бензема кој немаше тешка задача да ја погоди мрежата. Сонародникот на тренерот Мурињо, Карваљо го постави конечниот резултат кога само подметна нога на додавањето на третиот Португалец во редовите на Реал – Роналдо. Мадридските кралеви лесно дојдоа до победата на својот „Сантјаго Бернабеу“, а фудбалерите на Реал мечот го одиграа со половина сили, штедејќи се за вторник навечер кога во осминафиналето од Лигата на шампионите му гостуваат на француски Лион. Со оглед на претходните мечеви годинава се очекуваше интересен исход. Имено, во првиот дел од сезоната Леванте на домашен терен успевајќи да одигра 0:0 му зема два важни бода на Реал во трката за шампионската титула, а потоа мадриѓаните го торпедираа со 8:0 во првиот меч од осминафиналето од Копа дел Реи но во реваншот Леванте го совлада испревртениот тим на Реал со 2:0.Интересно за овој дуел е што е еден од многу ретките сезонава во кој гол не постигна Кристиано Роналдо. Реал сега со меч повеќе има два бода помалку од водечката Барселона којашто на својот „Камп Ноу“ во недела навечер го пречекува незгодниот Атлетик Билбао, додека Леванте е на 16-та позиција со два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање од лигата. За мечот од саботата навечер треба да се напомене дека победата на Реал беше постигната девет години откако Жозе Мурињо последен пат беше поразен на домашен терен во некое национално првенство. Прв и единствен во последните девет години пораз на поранешниот тренер на националните шампиони – португалски Порто, англиски Челзи, италијански и италијански Интер, и сега на шпански Реал Мадрид со кого допрва треба да освојува титули, беше поразот на 23-ти февруари од Беиа Мар, по што за славниот Португалец следува серијата од 123 победи и 25 нерешени средби на домашен терен. Претходно во саботата Валенсија ја прекина серијата од седум победи од последните осум кола играјќи без голови против Спортинг Хихон. По овој кикс Валенсија опасно го загрозува до пред неколку кола сигурното трето место зад Барса и Реал, и сега има само три бода предност пред четвртиот Виљареал кој во недалја пречекува последната Малага.Атлетико Мадрид во Сарагоса ја прекина серијата од три пораза, победувајќи со 1:0 со голот на Агуеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
Спорт
Нема договор меѓу Наполи и Осимен

Нема напредок во преговорите меѓу Виктор Осимено и Наполи околу новиот договор. Наполи не се откажува од намерата Ниегиецот и во иднина да го предводи нападот на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Двете страни во претходниот период се сретнале 13 пати, но договор се уште нема.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сака Осимен да потпише нов договор со тимот до 2027 година.
Во Наполи сметаат дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, но како што сега стојат работите, речиси и да не постојат шанси Осимен да го парафира новиот договор до крајот на 2023 година.
Нигериецот бара минималната годишна плата од 10 милиони евра.
За Осимен се заинтересирани многу клубови, најмногу од Саудиска Арабија, но тој не сака да ја продолжи кариерата таму, што ги зголемува шансите во иднина да го гледаме во дресот на некој клуб од Европа.