Спорт
Грифин нај „забивач“, Џоунс шутер на тројки
Пред главниот настан на „Ол стар“ викендот во Лос Анџелес, натпреварот Исток-Запад, се одржаа натпреварувањата во забивање и шутирање тројки. Очекувано Блејк Грифин крилниот играч на ЛА Клиперс победи во натпреварот во забивање. Во финалната серија Грифин ги победи Џавел Мекги и Демар Дерозен. Грифин (208 см) е вториот највисок играч, по Двајт Хауард (211 см), кој победил на ова натпреварување. До победата Грифин стигна со забивањето со две раце преку автомобил КИА Оптима, додека забиваше хор ја пееше песната „ I believe i can fly“. Во натпреварот во шутирање тројки играчот на Мајами, Џејмс Џоунс ги победи фаворитите Пол Пирс и Реј Ален. Џоунс, кој е четврти играч на Мајами кој победил на ова натпреварување, во финалето со 20:18 го победи минатогодишниот победник Пол Пирс. Ален кој пред неколку денови стана најдобриот шутер за три поени во НБА историјата, во финалето постигна 15 поени. крај/nba/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Чурлинов во 98.минута погоди за триумф на Јагелонија во Копенхаген
Јагелонија со победа ги започна натпреварите во Конференциската лига, благодарение на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Полскиот тим направи изнеандување бидејќи со пресврт победи во Копенхаген. Голот за победа го постигна Чурлинов во 98.минута.
Чурлинов на натпреварот не беше стартер и во игра влезе во 55. минута.
Инаку, Копенхаген до предност дојде преку Хатзидиакос во 12.минута, а резултатото во 51.минута го изедначи Пулулу.
GOAL🇪🇺 | København 1-2 Jagiellonia | Darko Churlinov pic.twitter.com/JWW64zubS8
— Kevin Highlights. (@abongo_jr) October 3, 2024
Спорт
Веспрем е светски клупски првак
Ракометарите на Веспрем победија на 17. издание на Светското клупско првенство. Натпреварот се одигра во престолнината на Египет, Каиро.
Веспрем во финалето славеше над минатогодишниот шампион, Магдебург. Натпреварот во регуларниот дел заврши 28:28, на крајот Веспрем славеше 34:33.
За тимот од Унгарија ова беше прва титула светски клупски шампион.
Во победата блескаа француските репрезентативци Фабрегас со девет и Ремили со осум гола.
Најдобар кај Магдебург беше Омар Магнусон кој постигна седум гола.
Спорт
(Видео) Мегваер херој – Јунајтед во Порто испушти водство 0:2
Комплетирано е второто коло во Лига Европа, а во дербиto Порто и Манчестер jунајтед ремизираа 3:3 (2:2) на „Драгао“.
Овој натпревар може да биде последен за Ерик тен Хаг, бидејќи Јунајтед има само два бода по две кола во Лигата на шампионите, против Порто „црвените ѓаволи“ испуштија предност од два гола, а бод спасија во 91.минута.
Веќе во седмата минута погоди Маркус Рашфорд, а истиот играч му асистираше на Расмус Хојлунд во 20. минута за 0:2.
Сепак, ниту тоа не вредеше бидејќи само осум минути му беа доволни на Јунајтед да прими два гола.
Најпрвин Пепе постигна гол во 27. минута за 1:2, а Саму Омородион израмни во 34. минута.
Порто продолжи да игра уште поофанзивно и тоа им донесе резултат во 50. минута, кога Саму Омородион со својот втор гол направи целосен пресврт.
Манчестер Јунајтед не успеа да најде одговор по тој колапс, а се изгледаше завршено во 81. минута кога Бруно Фернандеш доби втор жолт картон. Капитенот на Манчестер јунајтед втор натпревар по ред доби црвен картон.
Две минути подоца Гул имаше шанса да го реши мечот, меѓутоа Онана излезе како победник во дуелот „еден на еден“.
Казната Порто го стигна во 91. минута кога Хари Мегваер изедначи на 3:3.
Најголемото изненадување го припреди Елфсборг. Шведскиот тим со голот на Баиду од пенал ја победи Рома.
Резултати:
Бешикташ – Ајнтрахт 1:3 (0:2)
/Масуаку 93 – Мармус 19п, Ебимбе 22, Кнауф 82/
Твенте – Фенербахче 1:1 (1:0)
/Клапа 29 – Тадиќ 71/
ПАОК – ФЦСБ 0:1 (0:1)
/Бирлигеа 45+8/
Атлетик Билбао – АЗ Алкмар 2:0 (0:0)
/Вилијамс 72, Сансет 86/
Сен Жилоа – Боде Глимт 0:0
Пилсен – Лудогорец 0:0
Ренџерс – Лион 1:4 (1:3)
/Лоренс 14 – Фофана 10, 55, Лаказет 19, 45/
Елфсборг – Рома 1:0 (1:0)
/Baidu 44/