Спорт
Милан со важни бодови од Верона

Лидерот во Серија А оствари значајна победа на гости кај Киево во 26-то коло, додека Јувентус ги изгуби и бодовите и Буфон кај загрозеното Лече
Милан поведе преку Робињо во 25. минута, а за домашните изедначи Фернандес во 61. минута, додека победата на „росонерите“ има ја обезбеди Пато по одличниот продор што го круниса со погодок во 83 миинута Милан останува на врвот од табелата со 55 бодови, пет повеќе од во моментов второпласираниот градски ривал и се’ уште актуелен шампион Интер и шест од Наполи кој има меч помалку. Претходно во првиот меч од 26-то коло, Јувентус доживеа уште една бламажа, овојпат кај Лече кој до ова коло беше во зоната за испаѓање од лигата. Клучниот момент на мечот се случи во 12. минута кога голманот на гостите Џанлуиџи Буфон доби директен црвен картон бидејќи со раце надвор од шеснаесетте метри го спречи шутот на Давиде Ди Мекеле кој се најде сам пред него. Со играч повеќе и имајќи ја за противник екипата со многу променливата форма што сезонава ја демонстрираат фудбалерите на Јувентус, Лече успеа да дојде до за него животно важните бодови против противник од кој бодовите обично не се вкалкулирани пред почетокот на првенството. Прво во 32. минута алжирскиот интернационалец Џамел Месбах во 32. минута избегнувајќи ја офсајд замката го доведе Лече во водство, а победата за домашните ја потврди во 48. минута Андреа Бертолачи.Силите на теренот беа изедначени од 69. минута кога заради два жолти картона беше исклучен Џузепе Вивеса, што не му помогна многу на Јувентус. По две победи во серија, една против шампионот Интер, „старата дама“ доживеа неуспех иако важеше за апсолутен фаворит во овој меч. Јуве сега останува на 41 бод и на шестото место седум бодови помалку од местото кое води во Лигата за демократија. Лече, пак, се искачи на 16-то место со 27 бодови, со четири бодови повеќе од местото кое води надвор од Серија А.Еден од најинтересните натпревари во саботата беше одигран на стадионот „Мараси“ во Џенова каде со сензационален пресврт домашната екипа од негатива против Рома од 0:3 дојде до победа од 4:3. „Римската волчица“ дојде до големата предност со головите на Мексес во 6., Бурдисо во 16. и Тоти во 51. минута. Но веднаш по примањето на третиот гол Џенова успеа прво во 52. минута да го намали гостинското водство преку Паласио, а потоа тој уште еднаш погоди во 74. минута, а Палоши со головите во 68. и 86. минута го заокружи пресвртот. Рома останува со 39 бодови на 8-то место, а Џенова е искачи на 10-то место со 35 бодови. Парма и Чезена одиграа 2:2, во меч во кој гостите двапати водеа. Головите за домашните ги постигнаа Хернан Креспо во 64. минута од пенал и Паладино во 89. минута, додека гостите поведуваа преку Росини во 31 и Самарко во 79. минута.Во сабота без голови завршија мечевите Фиорентина – Сампдорија и Удинеза – Бреша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
Спорт
Нема договор меѓу Наполи и Осимен

Нема напредок во преговорите меѓу Виктор Осимено и Наполи околу новиот договор. Наполи не се откажува од намерата Ниегиецот и во иднина да го предводи нападот на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Двете страни во претходниот период се сретнале 13 пати, но договор се уште нема.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сака Осимен да потпише нов договор со тимот до 2027 година.
Во Наполи сметаат дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, но како што сега стојат работите, речиси и да не постојат шанси Осимен да го парафира новиот договор до крајот на 2023 година.
Нигериецот бара минималната годишна плата од 10 милиони евра.
За Осимен се заинтересирани многу клубови, најмногу од Саудиска Арабија, но тој не сака да ја продолжи кариерата таму, што ги зголемува шансите во иднина да го гледаме во дресот на некој клуб од Европа.