Спорт
Реал ни со Мурињо не го мина Лион

Лионскиот фудбалски храм „Жерлан“ станува неосвоив бастион за фудбалерите на мадридски Реал и по седмиот меѓусебен дуел, иако за овој меч „кралевите“ голема надеж полагаа во магијата на португалскиот стратег
Реал Мадрид со внимателна игра без безглаво јуришање на противничкиот гол успеа да го држи резултатот во свој полза на десет минути пред крајот со голот што е првиот што неговите фудбалери го постигнале против Лион на негов терен. Во првото полувреме домашниот имаа повеќе од играта и создадоа повеќе опасни ситуации пред голот на Икер Касиљас иако се доби впечаток дека во нападите одеа повеќе мислејќи на својот гол. Во овој период од играта Реал забележа само еден шут кон голот на домашните, и тоа од слободен удар што го изведе Кристијано Роналдо во 30. минута од голема оддалеченост но Лорис ја прочита неговата намера. Четири минути подоцна Лион ја имаше најголемата шанса откако Касиљас интервенираше несигурно но во повторната интервенција го одбрани шутот на Гомис кон неговата празна мрежа. Жозе Мурињо сепак на полувремето покажа зошто го сметаат за најдобриот фудбалски стратег па веќе во 48. минута Роналдо ја погоди стативата а веќе во следната Рамос ја погоди пречката. Во 65. минута Мурињо на место Адебајор во игра го внесе Карим Бензема кој пред почетокот на сезоната премина токму од Лион. Францускиот репрезентативец само по половина минута откако влезе во игра малку на среќа но успеа својот нов клуб да го доведе во водство. Лион веќе немаше што да загуби и почна да притиска кон голот на Касиљас што резултираше со гол во 83. минута што го постигна Гомис. Така сега Реал иако со поволен резултат на гостувањето ќе мора да ја бара шансата на својот „Сантјаго Бернабеу“, но кога во прашање се дуелите меѓу овие два клуба јасно е дека уште не е ништо решено. За разлика од Реал, се чини дека англиски Челзи ги реши сите дилеми уште на гостувањето во главниот град на Данска. Со головите на Николас Анелка во 17. и во 54. минута лондонците славеа против Копенхаген на „Паркен стадион“.Гостите покрај голот постигнат по грешка на Јаспер Гронкијер во првото полувреме имаа уште три убави можности да го зголемат водството, еднаш повторно преку Анелка и двапати преку Фернандо Торес. Иако во вториот дел дебитантот во Лигата на шампионите ФК Копенхаген порешително го напаѓаше голот на противникот, по само десет минути игра беа потопени нивните надежи со вториот гол на Анелка по проигрувањето од Франк Лампард.Со двата вечерашни гола Анелка на листата на стрелците во Лигата на шампионите се изедначи со Самуел Ето од Интер со седум постигнати погодоци. Реванш дуелите од двата осминафинелни меча ќе се одиграат на 16.март во Мадрид, односно во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.