Спорт
Гризлите од Мемфис играа на тапан во Колорадо

NULL
Во Пепси центарот во Денвер, домашната екипа одигра незаборавен меч против Мемфис Гризлис. Во третиот период Денвер постигна рекорд од 41 поен и пред последниот период веќе водеше со 102:77. Следеше опуштање во финишот и победа од 120:107. Нагетс ги предводеше Џеј Ар Смит со 26 поени, 8 скокови и 5 асистенции, а ефикасни беа и Тај Лоусон (21 п. 5 ск. 7 ас.) и Арон Афало (21 п. 5 ск. 5 ас.). Во тимот на Мемфис Тони Ален имаше 26 поени и 8 скокови, а О Џеј Мајо 21 поен.Останати резултати:Вашингтон – Индијана 96:113 (Андреј Блач 21 п. 5 ск. 5 ас. / Дени Гренџер 21 п. 10 ск.)Шарлот – Торонто 114:101 (Ди Џеј Аугустин 23 п. 8 ас. Џералд Волис 20 п. 6 ск. / Сони Вимс 19 п. Андреа Барњани 18 п. 8 ск.)Детроит – Хјустон 100:108 (Вил Бунум 21 п. 6 ас. / Патрик Патерсон 20 п. 5 ск.)Мајами – Сакраменто 117:97 (Леброн Џејм 31 п. 8 ск. Двејн Вејд 23 п. 8 ск. 7 ас. Крис Бош 22 п. 9 ск. / Семјуеол Далембер 18 п. 13 ск.)Милвоки – Минесота 94:88 (Брендон Џенингс 27 п. Кори Магет 20 п. 6 ск. / Кевин Лав 20 п. 17 ск. 6 ас. Мајкл Бисли 21 п.)Оклахома – Л.А. Клиперс 111:88 (Кевин Дурант 21 п. 8 ск. Џеф Грин 22 п. / Блејк Грифин 28 п. 11 ск. 8 ас.)Голден Стејт – Бостон 93:115 (Дорел Врајт 19 п. 6 ск. / Кевин Гарнет 24 п. 12 ск. Пол Пирс 23 п. 5 ас.)Л.А. Лејкерс – Атланта 104:80 (Коби Брајант 20 п. 5 ас. По Гасол 14 п. 10 ск. / Ал Хорфорд 13 п. 6 ск.).крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.