Спорт
Типсаревиќ поуспешен од Карловиќ

NULL
Во српско – хрватскиот дуел на АТП турнирот во Делреј Бич, Јанко Типсаревиќ по голема борба го победи Иво Краловиќ со 7:6 (14), 7:6 (1). Вториот носител на турнирот Марди Фиш (САД) без мака помина во второто коло откако Германецот Бјорн Пау поради повреда предаде при 5:0 во првиот сет за Американецот.Останати резултати 1 коло:Хуан Мартин Дел Потро – Ричард Беранкис 6:4, 6:1Дуди Села – Маринко Матошевиќ 3:6, 6:1, 6:2Иван Додиг – Игор Куницин 6:4, 2:6, 6:3Блаж Кавчич – Роберт Фарах 6:1, 6:4Рајан Свитинг – Игор Андреев 6:2, 6:3Кеи Нишикори – Брајан Дабул 6:2, 7:5Кевин Андерсон – Доналд Јанг 6:7 (5), 7:6 (4), 6:2Алехандро Фала – Јан Хајек 6:1, 2:0 предадена./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
Спорт
Нема договор меѓу Наполи и Осимен

Нема напредок во преговорите меѓу Виктор Осимено и Наполи околу новиот договор. Наполи не се откажува од намерата Ниегиецот и во иднина да го предводи нападот на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Двете страни во претходниот период се сретнале 13 пати, но договор се уште нема.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сака Осимен да потпише нов договор со тимот до 2027 година.
Во Наполи сметаат дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, но како што сега стојат работите, речиси и да не постојат шанси Осимен да го парафира новиот договор до крајот на 2023 година.
Нигериецот бара минималната годишна плата од 10 милиони евра.
За Осимен се заинтересирани многу клубови, најмногу од Саудиска Арабија, но тој не сака да ја продолжи кариерата таму, што ги зголемува шансите во иднина да го гледаме во дресот на некој клуб од Европа.