Спорт
Хицфилд останува селектор на Швајцарија
Отмар Хицфилд го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Швајцарија до 2014 година.
Отмар Хицфилд го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Швајцарија до 2014 година. Трофејниот клупски тренер (европски првак со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен), „часовничарите“ ги презеде во 2008 година и успеа Швајцарија да ја одведе на Светското првенство во Јужна Африка. На Мундијалот и покрај победата над Шпанија, Швајцарија не успеа да ја мине групната фаза. Во тековните квалификации за пласман на Европското првенство кое во 2012 година ќе се одржи во Полска и Украина, Швајцарија досега одигра три натпревари, загуби од Англија и Црна Гора, а успеа да го совлада Велс. Финансиските детали од договор на Хицфилд не се соопштени. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.
Спорт
Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград
Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28)
.
Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата.
32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени троки од 22 обиди.
Домашните „лета“ по теренот 32 минути кога стекнаа предност од 28 поени. Тука застанаа, Панатинаикос го искористи тоа со серија тројки се доближи на негатива од 13 поени, но поблиску од тоа не можеа.
До победата Црвена звезда ја предводеа Мекинтаер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, Монеке забележа 14 поени и 8 скока, Добриќ 10 поени. Кај Панатинаикос се истакнаа Слукас со 16 поени (10 од нив во последната четвртина) и Осман со 14.
Главниот играч на Панатинаикос, Кендик Нан одигра скандалозен меч, постигна шест поени имаше и нереални седум изгубени топки. Кога го напушти теренот поради петтиот фаул, публиката иронично му скандираше „MВП, MВП“ алудирајќи на наградата за минатата сезона.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.

