Контакт

Спорт

Тежок пораз на Мајами во Тексас

Објавено пред

Единаесет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во дербито лидерот во лигата Сан Антонио го декласира Мајами.

Единаесет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во дербито лидерот во лигата Сан Антонио го декласира Мајами. На домашен терен Сан Антонио го победи Мајами со 125:95, мечот „мамузите“ го решија во фуриозната прва четвртина која ја добија со 36:12. Во победата дури осум кошаркари на Сан Антонио мечот го завршија со двоцифрен број на поени: Џинобили (20 п), Бонер (18 п), Нил (16 п), Паркер (15 п), по 11 коша постигнаа Хил, Џеферсон и Данкан, а со 10 поени мечот го заврши Блер. На спротивната страна Џејмс постигна 26, Вејд 19, а Бош 17 поени. Орландо и Чикаго го одиграа дербито на истокот, на Флорида „биковите“ победија си 89:81. Дерик Роуз со 20 поени го предводеше Чикаго во победата, на другата страна исто толку поени реализира Двајт Хауард. Амаре Стадемаер постигна 41 поен, а Кармело Ентони 29 поени, но Њујорк загуби на гостувањето кај најлошиот тим во лигата Кливленд. Во Охајо, Кливленд го победи Њујорк со 119:115. Монта Елис бекот на Голден Стејт реализира 41 поен, но неговата екипа е поразена во Бостон 107:103, „селтикси“ со 27 поени до победата ги предводеше Пол Пирс. ЛА Лејкерс-Шарлот 92:82Далас-Индијана 116:108Милвоки-Феникс 88:102Мамфис-Њу Орлеанс 91:98Атланта-Оклахома 104:111Филаделфија-Минесота 111:100Њу Џерси-Торонто 116:103.  крај/нба/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Де Хеа доби ќеркичка, не мора да се брза да се враќа на „Олд Трафорд“

Објавено пред

Давид де Хеа и неговата девојка, шпанската поп-дива Едурне Гарсија, во четвртокот добија принова, нивната прва ќеричка Јанај, по што голманот доби порака од Манчестер јунајтед да не брза со слободното време кое му го даде клубот.

Де Хеа во четвртокот итно се врати во својата татковина за да биде покрај својата сопруга, што значи дека нема да брани во клучното дерби со Манчестер сити во недела, и менаџерот Оле Гунар Солскјер му порача на 30-годошниот Шпанец да остане на „пауза“ до интернационалната пауза.

„Фантастичен ден за Давид. Кога ќе станеш татко… Па, можеби тоа е најдоброто можно чувство кое го имаш. Тие кои имале среќа да го почувствуваат тоа знаат низ што поминува Давид. Му дадов време да се врати назад. Со пандемијата, ситуацијата е поинаква и не може да се врати бргу, но сакавме да му дадеме шанса да биде со најблиските. Дин Хендерсон е подготвен и затоа ќе има доволно време за одмор“, изјави Солскјер.

23-годишниот Хендерсон го сочува голот во ремито со Кристал палас во средата и ќе остане на голот за дербито на Манчестер, дуелот со Вест хем, двата меча од Лига Европа со Милан, и четврт-финалето од ФА купот со Лестер на 21 март.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фенер без Озил четири до шест недели

Објавено пред

Фудбалерот на Фенербахче, Месут Озил, вчера на носилки го напушти теренот, на натпреварот против Анталија (1:1). Неговиот клуб, во петокот, објави колкава пауза го очекува 32-годишниот фудбалер.

Деталните медицински прегледи покажале дека Озил ги истегнал лигаментите во коленото, тој на рехабилитација ќе биде од четири до шест недели.

Озил, во јануари, по речиси седум години го напушти Арсенал и се пресели во редовите на великанот од Истанбул. Досега има одиграно седум натпревари, не успеал да постигне гол, ниту да забележи асистенција.

Светскиот првак со Германија во 2014 година, во кариерата игра за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.

Прикажи повеќе...

Спорт

Вундеркиндот Мусиала во Баерн до 2026 година

Објавено пред

Џамал Мусиала, вундеркиндот на Баерн Минхен, го потпиша првиот професионален договор со актуелниот европски првак.

Мусиала и Баерн договориле соработка до јуни 2026 година.

Џамал Мусиала, на 17-годишна возраст од академијата на Челси пристигнал во Минхен. За првиот тим на Баерн има одиграно 27 натпревари, постигнал четири гола. Тој е најмладиот стрелец во Лигата на шампионите, во историјата на Баерн.

Фудбалерот е роден во Германија, кога имал седум години неговите родители се преселиле во Англија. Во ноември минатата година, Мусиала, одигра два натпревари за младата репрезентација на Англија. Сепак, негова желба е да игра за сениорскиот тим на Германија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија1 час

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија4 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија4 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија5 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ6 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ6 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион7 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа7 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет7 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија7 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион8 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет8 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа9 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет9 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет21 час

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија21 час

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет23 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие