Спорт
Лакатуш даде оставка во Стеауа

Поранешниот романски фудбалски репрезентативец, а сега тренер на Стеауа од Букурешт Мариус Лакатуш поднесе оставка.
Поранешниот романски фудбалски репрезентативец, а сега тренер на Стеауа од Букурешт Мариус Лакатуш поднесе оставка.Со Стеауа Лакатуш во 1986 година како играч стана европски првак, а во последните четири години три пати го преземаше и напушташе тренерското место во Стеауа. На последната оставка „кумуваше“ поразот од 0:3 од Брашов, по кој некогашниот европски првак падна на 6 место во романската прва лига.Сопственикот на Стеауа Гиги Бекали најави дека прва задача на новиот тренер на Стеауа ќе биде да воведе ред и дисциплина во клубот. „Играчите ќе мора да си легнуваат во 22 часот, а не како до сега да остануваат до ситни саати надвор“ изјави Бекали кој најави одбивање од платата по 5 % за секој прекршок.До одредување на новиот тренер на Стеауа, клубот ќе го водат помошниците на Лакатуш, Габриел Карамарин и Едуард Јорданеску. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италијанците го селат Елмас од Наполи во Бенфика

Фудбалскиот клуб Наполи, како последица на пандемијата со коронавирусот, се соочува со големи финансиски проблеми, кои ќе се зголемат доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите. Поради тоа, претседателот Аурелио Де Лаурентис, планира да направи реконструкција во летниот преоден рок.
Еден од фудбалерите кои би можеле да го напуштат клубот е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Елмас, во летниот преоден рок во 2019 година, за сума од околу 16 милиони евра од Фенербахче пристигна во Наполи. Првата сезона, во клубот, беше сосема добра за него, ако се има во предвид дека пристигна во многу посилно првенство од турското, но според италијанските медиуми, во клубот биле разочарани од неговите настапи оваа сезона.
Сигурно е дека „заслуги“ за ова има и тренерот Џенаро Гатузо, од кого Елмас започна да добива повеќе шанси дури откако Наполи се соочи со голем број на повредени играчи.
Наводно, интерес за Елмас, покажал португалскиот великан Бенфика. Наполи за соодветна сума би се согласиле на трансфер. Италијанците тврдат дека за 20 милиони евра, Наполи би се согласил да го продаде Елмас.
Прашање е само дали Бенфика ги има овие пари, бидејќи и нив ги погоди финансиската криза.
Елмас има одиграно 63 натпревари за Наполи, на кои постигнал четири гола.
Спорт
Реал со ултиматум до Серхио Рамос

Продолжува сагата околу иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид. „Марка“, тврди дека Реал му поставил ултиматум на капитенот, дека мора до крајот на овој месец да реши дали ќе остане или ќе го напушти клубот.
Според „Марка“, Реал на Рамос му понудиле договор на една сезона, со можност тој да биде продолжен на уште една година и плата каква што има во договорот кој истекува на крајот од сезоната.
„Перез излезе со понуда и сега Рамос мора да одговори, за клубот да има време да бара замена доколку тој реши да замине од клубот. Главен кандидат за наследник на Рамос е Давид Алаба од Баерн“, пишува „Марка“.
Серхио Рамос е играч на Реал од 2005 година.
Спорт
Конли е замената за Букер на Ол стар натпреварот

Кошаркарот на Јута Џез, 33-годишниот Мајк Конли, прв пат во кариерата ќе се игра на Ол стар натпреварот. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, го повика Конли, откако поради повреда на коленото од Ол старот се откажа кошаркарот на Финикс Санс, Девин Букер.
Конли на Ол стар натпреварот ќе им се приклучи на соиграчите Руди Гобер и Донован Мичел. Јута Џез е единствениот тим со тројца свои претставници на Ол стар мечот.
Инаку, во Атланта, каде ќе се одигра натпреварот, ќе биде и тренерот на Јута, Кин Снајдер.
Јута Џез се водечката екипа во НБА лигата со 27 победи и девет порази.
Конли, оваа сезона има просек од 16,1 поени, 5,7 асистенции, 3,5 скока и 1,4 украдени топки по натпревар.
Мајк Конли, првите 12 сезони во НБА ги мина во Мемфис Гризлис, а тековната сезона му е втора во Јута.
Ол стар натпреварот ќе се одигра во недела, во Атланта.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“