Спорт
Разочарувачки пораз на ракометарите
Македонија – Унгарија 22:29 (6:16). И покрај најавите дека против Унгарците ќе играме на победа и на обезбедување на пласманот на ЕП 2012, на натпреварот видовме очајно издание на нашиот тим
Унгарците поведоа од првата минута и водството, благодарејќи на головите на браќата Иванчик, полека го зголемуваа. На средината на полувремето беше 5:10. Нашиот состав делуваше како набрзина присобрана екипа, без идеи и со еден куп технички грешки, па Унгарците направија серија од 5:0, поведоа со 15:5 и победникот беше познат, само се поставуваше прашање со колку голови на крајот ќе биде изразена победата. Резултатот на полувремето можеше да биде и уште посрамотен за Македонија да не беа седумте одбрани на голманот Ристовски, единствената светла точка во раштимуваниот состав.Во вториот дел гостинскиот селектор одлучи да ги одмори браќата Иванчик кои заедно постигнаа 9 голови и Илјеш, па влегоа и резервистите, па Македонија преку Димовски и Филип Лазаров успеа да намали и на седум голови во неколку наврати, па да го ублажи колку толку овој освестувачки пораз.За нашиот тим најмногу голови постигна Филип Лазаров, седум, од кои пет од пенал, а Димовски постигна 3 голови сите во второто полувреме. Мојсовски и Митков исто така постигнаа по три голови. Потфрли Наумче Мојсовски кој што беше комплетно исклучен од игра и постигна само еден гол во финишот. Во вториот меч од нашата група Естонија ја победи Босна и Херцеговина со 35:30.Табела: Унгарија 6, Македонија 3, Естонија 2, БиХ 1. /крај./макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

