Спорт
Мајами против Лејкерси го сопре низот порази
По пет порази по ред кошаркарите на Мајами ја сопреа лошата серија токму во мечот со актуелниот првак Лос Анџелес Лејкерс
Мајами победи со 94:88 поради подобрата игра во последната четвртина. Кај жешките најдобри беа Крис Бош (24 п. 9 ск.) Леброн Џејмс (19 п. 8 ск. 9 ас.) и Двејн Вејд (20 п. 5 ск. 5 ас.). Во поразената екипа се издвоија Коби Брајант (24 п.), По Гасол (20 п. 5 ск.), и Дерек Фишер (13 п. 12 ск.).Во Далас домашните го победија забревтаниот Њујорк со 127:109. На Никси не им помогнаа ниту 36-те поени на Стадемаер, ниту учинокот на Кармело (18 п. 10 ск. 5 ас.). Маверикс уште на полувремето имаа голема предност (72:51) и беше јасно дека гостите ќе си заминат поразени. Најдобри во Далас беа Дирк Новицки (23 п. 9 ск.), Шон Мерион (22 п. 8 ск.) и Џејсон Тери (21 п.).Во „ЈуЕс Еирвејз“ центарот во Феникс сонцата загубија од Денвер Нагетс со 97:116. Гостите пред последната четвртина водеа со 90:66, па до крајот со смирена игра ја реализираа предноста. Во домашниот тим Винс Картер имаше прескромен учинок од само 6 поени. Најефикасен во Феникс беше Марцин Гортат со 14 постигнати кошеви и 18 скокови. За победата на Денвер заслужни беа Нене Хиларио (22 п. 7 ск.) и Тај Лоусон (20 п. 14 ас.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

