Спорт
Баерн се подразбуди со „шестка“
Во 27-то коло од германската Бундеслига се постигнати два резултата кои претставуваат своевидни изненадувања. Заспаниот минатогодишен првак минхенски Баерн победи со 6:0 против ХСВ, а неприкосновенито лидер Борусија Дортмунд е поразена кај Хофенхајм
Пред своите навивачи Баерн Минхен со 6:0 ги совлада гостите од Хамбург, најмногу благодарејќи на разиграниот Арјен Робен кој постигна хет-трик. Холанѓанецот кој долго време влечеше повреда беше стрелец во 40..47. и во 56. минута, а потоа прецизни беа Франк Рибери во 64. и Томас Милер во 79. минута,, а Вестерман во 85. минута постигна автогол. Со победата Баерн моментално е на 4-то место со 45 бодови. Пред него, е Хановер со 47. минута и меч помалку, а зад него е Мајнц со 43. минути со натпревар помалку. Хамбургер СВ, пак, е 8-ми со 37 бодови.Лидерот Борусија со 0:1 загуби кај Хофенхајм, со голот што го постигна во 63 минута Ибишевич. Борусија Дортмунд е прва со 61 бод дури 12 повеќе од второпласираната екипа на Баер Леверкузен. Хофенхајм се зацврсти на 9-то место со 36 бодови.Шалке 04 со 2:1 го совлада Ајнтрахт. Стрелци беа Журадо во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме и Каристеас во 84. минута, додека за гостите на 1:1 изедначи Цавелас во 70. минута. Шалке 04 е 10-ти со 33 бодови, а Ајнтрахт од Франкфурт е 13-ти со пет бодови помалку. Кајзерслаутерн со истиот резултат го совлада Фрајбург. Стрелци за домашните беа Немец во 34, и Ховер во втората минута од судиското надополнување, додека гостите поведоа во 22.. минута со автоголот што го постигна Немец кој поддоцна по 12 минути го изедначи резултатот. Кајзерслаутерн е 12-ти со 28 бодови, а Фрајбург остана на 7-та позиција со 37 бодоив.Ист резултат 2:1 беше постигнат и на третиот меч во саботата, но со него овојпат славеа гостите. Нинберг со головите што ги постигнаа во првите минути д судиските продолженија на првото и на второто полувреме Волшејд и Нилсон, додека домашниот Волсфбург со голот на Манџукиќ во 22. минута поведоа. Нинберг е 6-ти со 42 бода, пет помалку од третата позиција кад е Хановер, место кое води во Лигата на шампионите, додека Волфсбург има 26 бодови и е на 16-то место во зоната која води во квалификации за опстанок во лигата. Вердер во Бремен одигра со Борусија Менхендгладбах 1:1. домаќините поведоа со голот на Сандро Вагнер во 39. минута, а Борусија успеа да спаси бод со голот на Бонфим Данте во втората минута од судиското продолѓжение. Во петокот во првиот меч од 26-то коло од германското фудбалско првенство Келн го победи Хановер со 4:0.На „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн, во петокот навечер Хановер беше декласиран со головите на Петит во 36. Лукас Подолски во 60 Миливој Новаковиќ во 79. и 89. минута.Со новите три бода, Келн напредуваше на табелата на Бундес лигата за едно место и сега 10-ти со 32 бода, додека Хановер остана трет со 47 бодови.Во недела во Бундеслигата ќе се одиграат уште два натпревара: Мајнц – Бајер Леверкусен, и Сент Паули – Штутгард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет-трик на Гидсел, повторно е најдобар во светот
Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел е прогласен за најдобар ракометар во светот во 2025 година во традиционалниот избор на Меѓународната ракометна федерација (IHF).
Матијас Гидсел беше избран за најдобар ракометар на годината, трет пат по ред. Тој е третиот ракометар во историјата кој е прогласен за играч на годината три пати по Никола Карабатиќ и Микел Хансен.
Во 2025 година, Гидсел ја освои титулата светски шампион со данската репрезентација, а беше прогласен и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство. Тој беше и најдобар стрелец и асистент на Светското првенство.
IHF ја избра Норвежанката Хени Рејстад за најдобра ракометарка во светот во 2025 година. И таа беше прогласена за играч на годината трет пат по ред.
Таа освои злато на Светското првенство минатата година со норвешката репрезентација. Рејстад беше најдобар стрелец, а беше прогласена и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство.
Португалецот Франциско Коста беше избран за најдобар млад ракометар во 2025 година, додека најдобра млада ракометарка е Фиола Лојхтер од Германија.
Во гласањето учествуваа навивачи, селекторите на националните тимови кои учествуваа на Светското првенство во 2025 година, како и членови на Комисијата за тренинг и методи на IHF.
Фото/ ЕПА
Спорт
Упамекано го продолжи договорот со Баерн
Дајо Упамекано го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2030 година, објави германскиот клуб.
Упамекано (27) пристигна во Минхен во сезоната 2021/22 од Лајпциг, а со Баерн досега освои три титули во Бундеслигата и три германски Суперкупа. Во дресот на баварскиот клуб одигра 180 натпреварувачки натпревари, постигна шест гола и запиша девет асистенции.
Генералниот менаџер на Баерн, Јан-Кристијан Дрезден, истакна дека Упамекано израснал во врвен играч во Минхен, додека членот на спортската администрација Макс Еберл нагласи дека францускиот стопер е еден од главните столбови на тимот и пример за развој на играчите во клубот.
Самиот фудбалер рече дека е среќен поради продолжувањето на соработката и дека има големи цели со тимот, со желба да освои повеќе трофеи.
Упамекано одигра 35 настапи и постигна два гола за француската репрезентација, ја освои Лигата на нации во 2021 година и беше дел од тимот што го играше финалето на Светското првенство во 2022 година против Аргентина.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јада 83-ти, Клабо го освои осмото олимписко злато во кариерата
Македонскиот репрезентаивец, Ставре Јада, го заврши своето учество на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во петокот. Јада го освои освои 83-то место во трката крос-кантри на 10 километри.
Во трката учествуваа 113 натпреварувачи, Јада ја помина целта како 83-ти, со време од 25:286,9, за 4:52,7 зад олимпискиот шампион. Ставре Јада претходно го освои 88-мо место во трката со спринт.
Златниот медал го освои кралот на овие Игри, Јоханес Хесфолт Клабо. Норвежанецот ја заврши трката за 20:36,02. Ова е негово трето злато на Игрите во Милано и Кортина, а негов осми златен медал – десетти вкупно, бидејќи Клабо има едно сребро и една бронза.
На Клабо му недостига само уште едно злато за да стане најуспешниот олимпиец во крос-кантри. Осум златни медали, и вкупно 12 олимписки медали во кариерата, освои Бјорн Дели.
Сребрениот медал му припадна на Матјас Делож, кој беше фантастичен, францускиот ас ја заврши трката 4,9 секунди зад Клабо. За дваесет и тригодишниот Французин, ова е прв олимписки медал.
Бронзата оди во Норвешка, кај Ејнар Хедегерт, кој имаше задоцнување од 14 секунди. И за него ова е првиот олимписки медал во неговата кариера.
Foto/ EPA

