Спорт
Рома подобра во градското дерби
Во римското дерби ранетата „волчица“ со 2:0 го совлада градскиот ривал Лацио, турајќи го на 5-то место на табелата, додека Удинезе со уште една уверлива игра се искачи на третата позиција која води во Лигата на шампионите
Двата гола на „Олимопико“ ги постигна легендата на Рома, капитенот Франческо Тоти. Првиот гол го постигна во 70. минута откако беше кусо проигран по слободен удар од дваесетина метри, а вториот од пенал во третата минута од судиското продолжување кое обилуваше со нервоза и беше на границата од инцидент, откако во шеснаесетникот на „лациалите“ Џузепе Биава го сободои Фабио Симплицио.Ова беше трет судир сезонава во ткн. Дерби ди капитале, во кое и по третпат славеше Рома, а прв во кој настапи нејзиниот капитен Тоти. И онака тензичните натпревари меѓу Рома и Лацио, кои најчесто завршуваат со безредија на трибините на „Олимпико“ или по римските улици, овојпат предизвика повеќе искри на теренот. Понервозни се разбира во завршницата беа играчите на Лацио, на кои бодовите многу им беа потребни во трката по позиција која води во Лигата на шампионите, бидејќи од идната сезона заради годинешните слаби резултати на италијанските претставници, Серија А остана со еден претставник помалку, односно сега во најелитното фудбалско клупско натпреварување на континентот ќе ја претставуваат три наместо досега четири клуба. Товарот на резултатскиот дефицит и фрустрацијата од слабата игра во нападот предизвика неартикулиран потег на Романецот Стефан Раду кој доби директен црвен картон во 88. минута заради удирање со глава на противнички играч, а потоа во судиското продолжение и капитенот на „бјанкочелестите“ Кристиан Ледесма беше исклучен заради приговор при досудување на најстрогата казна во полза на Рома.Лацио сега падна на петтата позиција со 51 бод, два повеќе од Рома која останува на шестото место. Сега пред Лацио со два бода предност се Наполи кој во недела навечер го игра дуелот како од 29-то коло како гостин со Парма, и Удинезе кој моментално е трет.Токму Удинезе во неделата ја постигна најубедливата победа во Серија А, од 4:0 и тоа на гости извојувана против солидниот Каљари. На стадионот „Сан Елио“ за Удинезе головите ги постигнаа Медхи Бенатиа во 42., Алексис Санчез во 44. а двоен стрелец повторно беше Антонио ди Натале во 48. и 54. минута. Ди Натале и натаму е водечки стрелец во Серија А, сега има 24 голови на контото, пред Единсон Кавани од Наполи со 20 и Самуел Ето од Интер со 19 голови.Ове беше трета победа во низа на Удинезе со гол разлика 12:0, а оствари сезонава вкупно 16, со која дојде до третата позиција на табелата каде го очекува вечерниот исход од мечот Парма – Наполи. Последниот пораз на Удинезе беше од Лацио со 2:3 на 19-ти декември и оттогаш во 12 мечеви оствари девет победи и три ремија.Во неделата попладне во италијанското калчо што го одликува дека нема ниеден нерешен меч, другите натпревари завршија со минимални победи. Катанија со голот на Лама во 75. минута ја совлада Сампдорија, Киево дома беше поразено од Фиорентина за која стрелец во 48 минута беше Варгас, Болоња исто така оствари гостинска победа против Лече со голот на Рамирез во 33. минута, додека Џенова со голот на Флоро Флорес во 77. минута пред своите гледачи го совлада Палермо. Во првиот неделен меч лидерот Милан на својто „Сан Сиро“ одвај спаси бод против последниот Бари. Во саботата Јувентус испушти водство од 2;0 кај Чезена која успеа да израмни на 2;2, а во петокот Бреша и Интер одиграа 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неочекуван епилог на последната трка во бијатлон, Дале-Шјевдал ја растури конкуренцијата
Изненадувачки епилог доби бијатлонската трка на 15 кимолемтри, масовен старт, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвешка го освои своето трето злато на Олимписките игри во биатлон, новиот шампион е Јоханес Дале-Шјевдал. Поврфила Французите, лоши беа на стрелиштетот, честа им ја спадси Фијон Маје, додека Перо и Жакелан завршија на 20-то и 21-то место.
Јоханес Дале-Шјевдал , 28-годишникот од Лоренского го постигна најголемиот успех во својата кариера, бидејќи досега имаше две сребра и една бронза од Светските првенства во 2020 и 2021 година, а забележа и три триумфи во Светскиот куп.
Наследникот на големиот имењак Тингнес Бо, кој го освои златото во оваа дисциплина во Пекинг пред четири години, ја заврши „трката во кариерата“ без промашување (20 од 20 во целта), добар беше на скиите и не им даде никаква шанса на своите ривали да го загрозат во последниот круг.
Дале-Шјевдал триумфираше пред сонародникот Стурла Холм Лагрејд, кој со освојувањето на среброто дојде до петтиот медал во пет трки на овие Олимписки игри. Тој Игрите и заврши со три сребра и две бронзи. Лагрејд заостануваше 10,5 секунди, со едно промашување.
Со брилијантен финиш, во кој „прелета“ покрај Германецот Филип Хорн, легендарниот Французин Контан Фијон Маје го освои бронзениот медал, својот трет медал, по две злата. Неговото заостанување беше 25,6 секунди, но со четири промашувања на стрелиштето.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Тежок пад на малдиот Новозеланѓанец во квалификациите во халфпајп
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина.
Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите.
Натпреварот беше прекинат неколку минути, пред спортистот да биде изнесен од патеката.
Please pray for Finley Melville Ives 🙏 pic.twitter.com/KjctijLYpa
— Denzel Updates Sports (@DenzelEmpire1) February 20, 2026
Претходниот ден, Канаѓанката, Кејси Шарп исто така доби медицинска помош по спектакуларниот пад за време на квалификациите за жени.
Двократната олимписка шампионска сега е во стабилна состојба, објави Канадската скијачка асоцијација.
Foto/ X
Спорт
Воркапиќ го засили Вардар 1961
Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961.
Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот.
Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид.
Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел од кариерата го помина во Војводина, за која играше во Челинџер купот и Лигата на Европа.
Покрај Војводина, го носеше дресот на Металопластика од Шабац и француски Иври.
Foto/ facebook.com/rkvardar

