Спорт
Родик подобар од Изнер

Енди Родик во 3 коло на АТП турнирот во Индиан Велс го победи соиграчот од Девис Куп репрезентацијата на САД, Џон Изнер со 7:5, 6:2, и се пласира во осминафиналето.
Енди Родик во 3 коло на АТП турнирот во Индиан Велс го победи соиграчот од Девис Куп репрезентацијата на САД, Џон Изнер со 7:5, 6:2, и се пласира во осминафиналето. Таму пак еден против друг ќе играат членовите на српската репрезентација, Ѓоковиќ и Троицки. Ѓоковиќ (3) во 3 коло му препушти само еден гем во вториот сет на Летонецот Ернс Гулбис, а Троицки го победи Мишел Лодра во два сета со по 6:3.Останатите мечеви од 3 коло:Томаш Бердик – Томаш Белучи 6:3, 6:2Станислас Вавринка – Марин Чилиќ 7:5, 6:3Роже Федерер (2) – Хуан Игнасио Чела 6:0, 6:2Ришар Гаске – Јирген Мелцер 6:1, 6:3Рајан Харисон – Милош Раониќ 7:6 (1), 4:6, 6:4 . крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.