Спорт
Возниацки и Бартоли во финалето

Првата носителка Каролин Возниацки (Данска) и Марион Бартоли (Франција) ќе играат во финалето на годинешниот ВТА турнир во Индиан Велс.
Првата носителка Каролин Возниацки (Данска) и Марион Бартоли (Франција) ќе играат во финалето на годинешниот ВТА турнир во Индиан Велс. Возниацки полесно од очекувањата се справи со Русинката Марија Шарапова и ја победи со 6:1, 6:2.Ниту Бартоли (15) немаше проблеми во дуелот со Белгијката Јанина Викмаер. Силниот сервис и прецизните удари од основната линија со дворачно држење на рекетот и од бекхенд и од форхенд страната беа нерешлива енигма за Викмаер која загуби со 6:1, 6:3. Крај./макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Работнички застана на патот на Шкендија, Шкупи профитираше од Кратово

Скопски Работнички одигра нерешено 0-0 против лидерот на табелата во ПМФЛ, тетовска Шкендија на денешниот меч од 21. коло одигран на нашиот најголем стадион во Скопје.
Во натпревар без многу шанси „Романтичарите“ иако го диктираа темпото, не успеаја да слават против тетовскиот тим ниту во деветтиот меч во низа на свој терен. Денешниот меч беше 11-ти на кој Работнички ги дели бодовите со противникот.
Киксот на лидерот на табелата го искористи екипата на Шкупи, па со голот на Алварез „чаирчани“ ги собраа трите бода од Кратово, од дуелот против Силекс, 0-1.
На првата победа во новата средина се радуваше Александар Васоски. Тој со својата Академија Пандев славеше триумф од 2-1 на домашен терен во Струмица против Македонија ЃП.
На останатите денешни дуели од ПМФЛ, Ренова со убедливи 3-0 славеше против подмладениот Вардар, Пелистер ги освои трите бода кај Струга Трим Лум со 1-0, а во Велес, Борец ја победи Беласица со 2-1.
По 21 одиграно коло од домашниот шамионат вака изгледа табелата:
Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.
Фото: ФК Работнички
Спорт
Без навивачи од странство на ОИ во Токио

Без навивачи од странство, од 23.јули до 8.август, ќе се одржат Олимписките игри во Токио. Оваа одлука треба да биде потврдена до крајот на овој месец.
Јапонските власти и членовите на Организациониот одбор, стравуваат дека пристигнувањето на луѓе од други држави, може да го забрза ширењето на коронавирусот. Се претпоставува дека на мал број домашни навивачи ќе им биде дозволено во живо да ги следат настаните на олимписките игри.
„Сакаме сите учесници на Игрите да бидат безбедни, но сакаме да бидат безбедни и жителите на Токио. Водиме сметка за сите детали, не сакаме никој да биде загрозен“, рекол првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.
Кога станува збор за новинарите, тиме по пристигнувањето во Токио нема да мора да одат во 14-дневна изолација. Новинарите ќе треба да имаат негативни ПЦР-тестови и нивното движење додека траат Игрите ќе биде ограничено.
Спорт
Јувентус против Наполи на 17.март

Серија А потврди дека одложениот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи ќе се одигра на 17.март во Торино, со почеток во 17.45 часот.
Овој натпревар предизвика вистинска конфузија во Италија. Првично требаше да се одигра на 4.октомври минатата година, меѓутоа здравствените власти на Неапол им забранија на фудбалерите на Наполи да отпатуваат во Торино.
Серија А неколку дена потоа го регистрираше натпреварот со 3:0 за Јувентус.
Меѓутоа Наполи ја обжалија одлуката, по што Судот пресуди во нивна корист и ја поништи одлуката на Серија А.
Неодамна овие два тима играа во Неапол, победи Наполи со 1:0, со голот на Инсиње од пенал.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер