Спорт
Арсенал се спаси против ВБА, Јунајтед едвај го победи Болтон

Неубедливи игри на фаворитите на воведните средби од 30-то коло во Премиер лигата.
Неубедливи игри на фаворитите на воведните средби од 30-то коло во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед дури во 88. минута го скрши отпорот на Болтон, кога единствениот гол го постигна Бербатов. Последните 20 минути Манчестер ги одигра со играч помалку, откако од игра беше исклучен Еванс. Арсенал во Бирмингем, против ВБА успеа да спаси бод, откако домаќинот имаше предност од 2:0. Аршавин и Ван Перси ги спасија „топџиите“ од пораз. Манчестер Јунајтед сега на врвот има пет бода повеќе од Арсенал, кој има и еден натпревар помалку. Две средби во ова коло се решаваа во финишот, Блекбурн на домашен терен спаси бод против Блекпул, откако за 2:2 погоди Холет во 90. Минута, во истата минута Фигуероа му донесе победа од 2:1 на Виган на натпреварот со Бирмингем. Убедлива победа од 4:0 забележа Стоук над Њукасл, додека Вулверхемптон освои важни три бода во борбата за опстанок, откако како гостин ја победи Астон Вила со 1:0. Тотенхем во малото лондонско дерби не успеа да го совлада Вест Хем. Тотенхем-Вест Хем 0:0Астон Вила-Вулверхемптон 0:1Манчестер Јунајтед-Болтон 1:0Стоук-Њукасл 4:0ВБА-Арсенал 2:2Виган-Бирмингем 2:1Евертон-Фулам 2:1Колото во Премиер лигата денеска ќе биде комплетирано со одигрувањето на последните две средби. Големото дерби на „Стамфорд Бриџ“ во Лондон, помеѓу домаќинот Челзи и Манчестер Сити и пресметката помеѓу Сандерленд и Ливерпул. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.