Спорт
Рома ремизираше вo Фиренца

Во првиот неделен меч од 30-то коло на италијанското фудбалско првенство, Рома одигра 2:2 на гости кај Фиорентина, а со двата гола нејзиниот капитен Тоти стана шестиот фудаблер кој постигнал 200 голови во Серија А
Во интересниот натпревар „волчицата“ двапти успеваше да го стигне водството на домаќините, а притоа и двете екипи имаа свои шанси да го изменат резултатот. Сепак далеку беа поизлгедни ансите на Фиорентина која на крајот не успеа да освои три бода. За Фиорентина головите ги постигнаа Адриан Муту во 22. и Алеснадро Гамберини во 35. минута. Додека за Рома изедначуваше Франческо Тоти со погодоците во 27. минута од пенал, откако Џон Арне Рисе беше соборен во противничкито шеснаесетник од Џанлука Комота, и во 52-та по асистенција на Рисе.Рома сега е шеста на табелата од Серија А со 50 бодови, три помалку од петопалсираниот Палермо кој има и меч помалку. Фиорентина, пак, е деветопласирана со 41 бод а по неа со два односно три бода помалку но и натпревар што ќе го играат подоцна се Каљари, Болоња и Џенова. Со денешните два погодока Тоти стана шестиот фудбалер во историјата на Серија А кој постигнал 200 или повеќе погодоци, поточно легендарнито капитен на Рома сега има постигнато 201 првенствен гол. Пред него на вечната листа се Силвио Пиола со 274 голови, Гунар Нордахи со 225, Џузепе Меаца и Хосе Алтафини со по 216 и Роберто Баџо со 205 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спустот во Вал ди Фаса за Гут-Бехрами

Лара Гут-Бехрами, победи на спуст трката, која се возеше во Вал ди Фаса. Овој италијански ски-центар, прв пат во историјата, беше домаќин на трка во рамките на Светскиот куп. Гут-Бехрами ја забележа 31 победа во кариерата, десетта во спуст. Сезонава таа има пет победи во Светскиот куп.
Лара Гут-Бехрами, патеката „Ла Волата“, долга 2.350 метри, ја мина со време 1:23.93 минути. Швајцарката со освоените 10 поени го презеде челновот мест во генералниот пласман во Светскиот куп.
Гут-Бехрами, на крајот за само две стотинки беше побрза од Рамона Зибенхофер од Австрија, додека со време 1:24.19, третото место го освои Корин Сутер од Швајцарија.
Во вкупниот пласман Гут-Бехрами има 1.047 поени, 29 помалку на второто место има Петра Влхова од Словачка.
Спорт
Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Ракометниот клуб Порто, објави дека од последиците на срцевиот удар, починал 32-годишниот голман, Алфредо Кинтана.
Голманот, во понеделникот, за време на тренингот, доживеал инфаркт. Поради сериозноста на ситуацијата тој бил ставен во вештачка кома. За жал неговото срце не издржа и тој почина во петкот, во болницата „Сао Жоао“.
„Никогаш не очекувавме дека ќе објавиме ваква порака, нашиот драг Алфредо Кинтана не напушти денеска. Засекогаш ќе го паметиме како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, објави клубот на социјалните мрежи.
Квинтана е роден на Куба, но бил и португалски државјанин десет години, забележал над 70 настапи за португалската репрезентација.
Спорт
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

Селекторот на ракометната репрезентација на македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот на играчи за претстојниот квалификациски дво-меч со светскиот првак Данска, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Првиот натпревар против Данска, Македонија ќе го во СЦ “Борис Трајковски” на 11.март во 20 часот, три дена подоцна, со почеток во 16 часот, ќе се одигра дуелот во Алборг.
На спискот на селекторот се наоѓа и Филип Миркуловски, кој како и Лазаров ќе има двојна улога, тој ќе биде играч и помошник на селекторот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер