Спорт
Македонските фудбалери вечерва против Ирска
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Даблин против Република Ирска ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Еуро 2012
Пред овој меч во квалификациската група Б двете репрезентации имаат одиграно по четири натпревари, Ирска е на делба на второто место, заедно со Словачка и Ерменија, овие три репрезентации имаат по две победи и по еден пораз и нерешен резултат. Македонија е претпоследна на табелата со четири бода и биланс од една победа и реми и два порази. И покрај тоа „црвено-жолтите“ не ги загубија шансите за обезбедување на една од првите две позиции во групата, за надежта да продолжи ќе мора во Даблин да остварат позитивен резултат. Селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз го соопшти тимот кој ќе ја започне средбата, во формација 4-3-3 тој изгледа вака: Нурединоски – Шиков, Грнчаров, Новевски, Попов – Демири, Шумуликоски, Тасевски – Тричковски, Пандев, Наумовски. Познат е и составот со кој ирскиот селектор, прославениот Џовани Трапатони ќе го започне мечот, тој не отстапува од формацијата 4-4-2. Ваствуд – Фоли, Дан, О`Ди, Килбејн – Даф, Гибсон, Велан, Мекгиди – Кин, Дојл.Натпреварот на „Даблин Арена“ помеѓу Република Ирска и Македонија ќе започне во 20:45 часот. Во Б квалификациската група за пласман на Еуро 2012 денеска ќе се одиграат и натпреварите Ерменија-Русија и Андора-Словачка. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

