Спорт
Барса и Олимпијакос пред елиминација

Европскиот првак Барселона, и еден од фаворитите за освојување на кошаркарската Евролига, Олимпијакос се наоѓаат пред елиминација во четвртфиналето. Во натпреварите број три од четвртфиналните серии со 2:1 против опонентите поведоа Макаби и Реал Мадрид.
Европскиот првак Барселона, и еден од фаворитите за освојување на кошаркарската Евролига, Олимпијакос се наоѓаат пред елиминација во четвртфиналето. Во натпреварите број три од четвртфиналните серии со 2:1 против опонентите поведоа Макаби и Реал Мадрид. Барселона во дуелот со Панатинаикос загуби во драматичен финиш, во Атина, ПАО победи со 76:74. Димитрис Дијамантидис со 18 поени го предводеше грчкиот тим до победата, кај Барса најпрецизен со 16 кошеви беше Рики Рубио. Монтепаски води со 2:1 во серијата против Олимпијакос, откако вечерва во Сиена победи со 81:72. Натурализираниот македонец Лестер Бо Мекејлеб не настапи за Монтепаски, во негово отсуство тимот го предводеше Марко Јариќ. Србинот го одигра најдобриот натпревар во последните неколку сезони постигнувајќи 24 поени со само едно промашување од поле. Јариќ имаше поддршка од Лавриновиќ и Каукенас кои реализираа по 15 поени. Кај Олимпијакос Нестеровиќ постигна 16, а Спанулис 15 поени. Макаби ја потврди доминацијата над противниците која ја имаа оваа сезона на домашен терен. Во Тел Авив, „гордоста на Израел“ ја совлада Каха Лаборал со 81:60. Џереми Парго постигна 23, а Дејвид Блутентал 16 поени за Макаби. Мирза Телетовиќ со 14 кошеви го предводеше Каха Лаборал. Реал Мадрид го врати брејкот на противникот откако во Валенсија забележа победа од 66:75. Дор Фишер со 19 и Анте Томиќ со 15 поени беа најефикасни во „кралскиот тим“, Валенсија ја предводеше Душко Савановиќ со 21 поен. Натпреварите број 4 од четвртфиналната серија на програмата се во четврток. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нова „нула“ на Јунајтед, без сили кај Кристал палас

Манчестер јунајтед по четврти пат во последните пет меча одигрува без победник, а последните два меча воопшто не постигнува гол (три ако се смета дуелот од Лига Европа против Реал Сосиедад), откако на гостувањето кај Кристал палас беше 0:0. Со овој резултат, Манчестер сити пред нив беа на невозможни 14 поени, а Лестер е само поен зад нив.
Ниту со искусниот Единсон Кавани како стартер, тимот на Оле Гунар Солскјер не покажа многу имагинација во нападот против противник, кој да потсетиме на „Олд Трафорд“ ги торпедираше со 4:1.
Спорт
ПСЖ победи кај Бордо, Лил останува лидер по драмата против Марсеј

Пари Сен-Жермен стигна до 0:1 победа на тешкото гостување кај Бордо и недостасуваа минути за по 28 кола да се врати на врвот на француската Лига 1, пред Лил со два гола по 90-тата минута да стигне до 2:0 победа во дербито со Олимпик Марсеј и да го сочува врвот.
Пабло Сарабија го постигна единствениот гол на „Матму Атлантик“ во 20. минута од мечот, и тоа беше доволно за победа на „светците“, кои сега имаат 60 поени на второто место на табелата.
Бидејќи до 90-тата минута во Лил беше 0:0, со овој резултат ПСЖ ќе беше прв со подобра гол разлика, но Канаѓанецот Џонатан Дејвид постигна два гола во 90. и 94. минута, за Лил да остане прв со 62 поени. Во трка за титулата во Франција е и Лион на третото место со 59 поени, откако со 1:0 го совладаа Рен.
ЛИГА 1, 28.КОЛО
Бордо – ПСЖ 0:1
Лил – Марсеј 2:0
Монпелје – Лориен 1:1
Нант – Ремс 1:1
Стразбур – Монако 0:0
Брест – Дижон 3:1
Лион – Рен 1:0
Мец – Анжер 0:1
Ница – Ним 2:1
Сент-Етјен – Ленс 2:3
Спорт
Милан со пенал во 97. минута спаси поен против Удинезе, без победник во „Дерби дела лантерна“

Милан го избегна својот трет пораз во последните четири мечеви во Серија А, откако на „Сан Сиро“, со гол од пенал во 97. минута не дозволи Илија Несторовски и Удинезе да стигнат до победа, извлекувајќи 1:1 реми.
Бразилецот Родриго Бекао, кој во 68. минута стрелаше по асистенција на одличниот Родриго де Паул. Илија Несторовски, откако минатиот меч го реши победникот во дуелот со Фиорентина, овојпат одигра 90 минути. Кога се мислеше дека мечот е загубен за „росонерите“, Ларсен играше со рака во шестнаесетникот, а Френк Кеси беше сигурен од белата точка. Милан сега е на три поени зад лидерот Интер, но со натпревар повеќе.
Аталанта сега се израмни со Јувентус на четвртото место на табелата, по убедливата 5:1 победа над Кротоне. По израмнетото прво полувреме, „Ла деа“ постигна четири гола во второто за доминантна победа.
На „Луиџи Ферарис“ пак се играше „Дерби дела лантерна“, дербито на Џенова, во кое Џенова и Сампдорија одиграа 1:1. Давиде Запакоста ги донесе Џенова во водство во 52. минута, пред Лоренцо Тонели да израмни во 77. минута. Горан Пандев влезе како замена за „Грифоне“ во 73. минута од мечот.
СЕРИЈА А, 25. КОЛО
Милан – Удинезе 1:1
Џенова – Сампдорија 1:1
Фиорентина – Рома 1:2
Аталанта – Кротоне 5:1
Беневенто – Верона 0:3
Каљари – Болоња 1:0
G⚽L DE MILAN‼️
👤 Kessié (P) ⏱️97'
Milan 1️⃣🆚1️⃣ Udinese#SerieA 🇮🇹 🏆 #MilanUdinese
SUSCRIBITE A TELEGRAM ✅
Y mira todos los goles cuando quieras
▶️ https://t.co/0TV9WEoDZBpic.twitter.com/JQLiqWETwo— El Forastero Deportivo ⚽ (@ElForastero1982) March 3, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер