Спорт
Квалификации за ЕП 2010 – европскиот првак Шпанија без проблеми во Каунас

Во вторникот наечер во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2012 се одиграа десет натпревари. Пласманот на континенталниот собир кој следната година ќе се одржи во Полска и Украина го потврдија Шпанија и Холандија.
Актуелниот шампион Шпанија на лошиот терен во Каунас ја победи Литванија со 3:1, додека Холандија во исклучително ефикасен натпревар ја совлада Унгарија со 5:3.Во А групата Турција и Белгија забележаа победи над Австрија, односно Азербејџан и ја продолжија трката за второто место. Слична е ситуацијата во Ц групата по нерешените резултати на дуелите Естонија-Србија и Северна Ирска-Словенија. Израел по победата над Грузија се израмни на второто место, според бројот на бодовите со Хрватска. Резултати: Група А: Турција-Австрија 2:0, Белгија-Азербејџан 4:1; Табела: Германија 15, Турција 10, Белгија 9, Австрија 7, Азербејџан 3, Казахстан 0. Група Ц: Естонија-Србија 1:1, Северна Ирска-Словенија 0:0; Табела: Италија 13, Словенија 8, Србија 8, Естонија 7, Северна Ирска 6, Фарски острови 0 Група Д: Романија-Луксембург 3:1; Табела: Франција 12, Белорусија8, Албанија 8, БиХ 7, Романија 5, Луксембург 1 Група Е: Шведска-Молдавија 2:1, Холандија-Унгарија 5:3; Табела: Холандија 18, Шведска 9, Унгарија 9, Молдавија 6, Финска 3, Сан Марино 0 Група Ф: Израел-Грузија 1:0; Табела: Грција 11, Хрватска 10, Израел 10, Грузија 9, Латвија 4, Малта 0 Група И: Чешка-Лихтенштајн 2:0, Литванија-Шпанија 1:3Табела: Шпанија 15, Чешка 9, Шкотска 4, Литванија 4, Лихтенштајн 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA