Контакт

Спорт

Руни го врати Јунајтед од изгубена позиција

Објавено пред

Иако 31-то коло во Премиершип според распоредот не ветуваше интересни мечеви, лидерот Манчестер јунајтед со голем презвврт дојде до бодовите, Арсенал и Челзи ремизираа а Ливепрул беше поразен

dobivaj vesti na viber

Вест хем беше на прагот на големо изненадување поведувајќи против лидерот Маненчестер јунајтед со 2:0 а тогаш се појави Вејн Руни и резултатот се претвори во 2:4. Арсенал пак ремизираше дома против Белкбур, додека Ливерпул е поразен кај ВБАБездруго сер Алекс Фергусон на полувремето, кога гостите водеа со 2:0 максимално го вложил својот авторитет во соблекувалната на „црвените ѓаволи“, зашто сепак иако станува збор за фудбалскиот гигант Манчестер јунајт, тешко е за една екипа да се врати од загубена позиција, и тоа на теренот на противникот кој се бори за опстанок. Тогаш нозете обично тежат како олово, но изгледа кај Вејн Руни има уште многу динамит – тој беше креаторот на величенствениот пресврт, постигнувајќи хет-трик (со што ја достигна бројката 101 гол во Премиершип) со кој Манечстер јунајтед поцврсто се движи кон титулата, особено имајќи предвид дека најголемито ривал Арсенал одигра без голови на својто „Емирати“ против Блекбурн.Двата гола за Вест хем ги постигна Марк Нобл, и двата од пенал во 11. и во 25. минута, иако „црвените ѓаволи“ и во овој период од играта беа доминантни на теренот, имаа многу повеќе од поседот на топката и создадоа повеќе и поздрели можност за постигнување гол. Во првиот случај Патрис Евра играше со рака во својот 16-ник, а во вториот Немања Видиќ фаулираше домашен напаѓач, но оваа одлука на судијата Ли Мејсон може да се смета и дискутабилна, бидејќи се доби впечаток дека прекршок српскиот фудбалер го направи пред линијата од својот казнет простор. Во секој случај водството за домаќинот беше заслужено.Сепак темпото на Јунајтед беше пресилно за да може да го следат играчите на Аврам Грент, па во второто полуврме само се очекуваше моментот кога гостите ќе ја погодат мрежаат на Вест хем. ПРво тоа го стори Вејн Руни во 65. Минута со убав гол од слободен удар. Потоа Руни во 73. минута исто така со убав гол го израмни резултатот на 2:2, а веќе во 79. минута откако Апсон во својот казнет простор играше со рака, од пенал го постигна својот хет-трик и водството на Манчестер јунајтед. Конечниот резултат од 4:2 за Манчестер јунајтед го постигна Хавиер Хернандез во 84. минута кога само подметна нога на шутот на својот соиграч Рајан Гигс.Манчестер јунајтед е прв на табелата со 66 бодови, седум повеќе од вторито Арсенал но и меч повеќе. Ова беше прва победа на „црвените ѓаволи“ на гости по двата пораза против Ливерпул и Челзи. Вест хем, пак, по серијата од четири меча без пораз во кои од можни 12 освои 8 бодови, се најде на 18 позиција која води во понискиот ранг од англискиот професионален фудбал со 32 бодови и е во групата загрозени клубови од последното 20-то каде што е Виган со 31 место до 12-то каде е Вест бромвич албион со 36 бодови. Фудбалерите на Арсенал кои пред мечот во саботата во британските медиуми даваа изјави дека годинава може да дојдат до титулата, одиграа без голови на домашен терен против Блекбурн со што го зголемија своето заостанување зад Јунајтед.На „Емирати“ што се однесува до бројот создадени шанси и штутеви (22-7), како и поседот на топката од 68 отсто, „топчиите“ ја оправдаа улогат ана голем фаворит, но стрелците беа многу депримиран. Арсенал, дури, од 76. минута имаше и играч предност, откако кај гостите беш исклучен Стивен Н’Зонзи.Како што по веднаш по саботниот меч призна менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, по денешното реми кај Сток сити од 1:1, лондонските „сини“ најверојатно дефинитивно се простија од титулата. На седум кола пред крајот Челзи зад Манчестер јунајтед сега заостанува големи 11 бодови.   Стрелци беа Џонатан Валтерс во 8. и Дидие Дрогба во 33. минута. Сток сити со овој бод останува на безбедното 10-то место со 38 бодови.Иако Ливерпул имаше подобра игра во текот на целиот меч и дури водство од 50. минута со голот на Мартин Шкртел, Вест бромвич албион со двата погодока на Креис Брант во 62. и 88. минута и двата од пенал. Во завршницата „редсите“ пропуштија голем број ткн. стопроцентни шанси за постигнување погодок, од кои најголемата во судискот продолжение ја испушти токму сстрелецот Шкртел.Ливерпул и покрај поразот останува со шанси за излез во европските натпреварувања, на 6-то место е со 45 бодови, но пред него е Тотенхем со 50 бодови кој ремизираше во саботата со последниот Виган без голови.Другиот клуб од Ливепрул, Евертон одигра 2:2 на домашен терен со Астон вила. Евертон иако поведе во 38. минута со голот на Лион Осман, на крајот откако гостите преку Дарент Бент во 47.и 68. минута направија пресврт, спаси бод со погодокот на Лејтон Бејнс во 83. минута од пенал. Евертон е 7-ми со четири бодови помалку од градскито ривал Ливерпул (41), додека Астон вила има 34 бодови и сѐ уште е во опасната зона на 15-то место. Њукасл високо со 4:1 го совлада Вулверхемптон. Стрелци за домашните беа Кевин Нола во 22., Шола Амеоби во 45., Питер Ловеркандс во 50. и Џонас Гитуерез во 90+3 минута, додека Силвејн Ибенкс-Блејк во 58. минута погоди за Вулверхемтон. Њукасл е 9-ти со 39 бодови, додека Вулверхемптон е претпоследен со 32 бода.Во борбата за опстанок Бирмингем го совлада со 2:1 Болтон. Домашните поводоа преку Кевин Филипс во 4. и Крег Гарднер во 59., а гостите намалија преку Џон Иландер во 71. минута. Бирмингем се искачи на 14-та позиција со 34 бодови, додека Болтон е осми со 40 бодови.  Во недела 31-то коло од Премиершип ќе биде заокружено со средбите Фулам – Блекпул и Манчестер сити – Сандерленд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ

Објавено пред

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.

dobivaj vesti na viber

Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.

„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.

Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.

dobivaj vesti na viber

Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.

Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.

Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.

Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.

Летниот преоден рок стартува на 1 јули.

Прикажи повеќе...

Спорт

Саудискиот нафтен гигант стана глобален партнер на ФИФА

Објавено пред

Саудискиот нафтен гигант Арамко ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на 2027 година, објави ФИФА.

dobivaj vesti na viber

Договорот, чија сума не беше објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.

Саудиска Арабија, богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.

Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2023“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафтата.

„Ова партнерство ќе и помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 членки низ светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет2 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија20 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ20 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија23 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија23 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија24 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија24 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...