Спорт
Барса доби предност што не смее да ја испушти
Откако Реал Мадрид беше поразен на својот стадион од Спортинг, на Барселона и’ преостана да победи во гостувањето кај Виљареала во што успеа со сипериорна игра, иако се очекуваше многу потешка задача за играчите на Пеп Гвардиола
Со повеќе од супериорна игра во која домашниот високпалсиран сега четврт на табелата Вињареал имаше само една случајна прилика за постигнување погодок во 85, минута, Барселона е пред освојување на уште една титула – трета по ред и вкупно 21-ва во шпанското првенство. Откако веќе го знаеше резултатот во Мадрид, Пеп Гвардиола реши против незгодниот Виљареал кој со Валенсија ја води османета трка по третата позиција на табелата, да оствари разлика пред второпласиранито еал од осум бодови, којашто според статистиката во Ла Лига е недостижна на осум кола пред крајот на шампионатот. Иако во почетниот состав беше изоставен Лионел Меси, Гвардиола на почетокто од вториот дел решеи да го рекопмпнира нападот внесувајќи го Аргентинецот во шпицот од нападот, а најопасниот противнички напаѓач Роси доби фластер кој целосно го покри. Невообичаено за Барса, голот што можеби и’ ја обезбеди титулата го постигна од корнер. Творци на погодокот во 67 минута беа двајцата највисоки играчи во редовите на катралонскат агордост, која е еден од најниските тимови во Европа. Бускетс со глава од првата статива ја префрли топката на втората каде на гради ја сопре Пике и со волеј од непосредна близина ја закова во противничката мрежа. Во дел од шпанската јавност, секако онаа наклонетата на Реал, како и што пишува во неделата наутро влијателниот шпански спортски дневен весник Marca, се негодува дека наводно Пике топката ја смирил со раце, но повторената снимка го демантираше тоа. Каталонските, пак, медиуми зајадливо потсетуваат дека откако од сезоната 1995/96 победата носи три бода, лидерот во Ла Лига никогаш не прокоцкал толкава предност. Особено што Барселона годианва игра навистина во голем стил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

