Спорт
Денвер го наполни кошот на Минесота

Кошаркарите на Денвер беа расположени зо надигрување во мечот со Минесота (130:106). Во двете полувремиња постигнаа по 65 кошеви што беше недостижно за волците од Минесота.
Кошаркарите на Денвер беа расположени зо надигрување во мечот со Минесота (130:106). Во двете полувремиња постигнаа по 65 кошеви што беше недостижно за волците од Минесота. Најмногу поени на натпреварот постигна Тај Лоусон (37 п. 7 ск. 6 ас.). Џеј Ар Смит имаше учинок од 18 поени и 8 скокови за Денвер. Во тимот на Минесота сите играчи се запишаа во листата на стрелците но ниту еден немаше учинок подобар од 15 поени.Останати средби:Вашингтон – Атланта 115:93 (Андреј Блач 23 п. 7 ск. / Ал Хорфорд 21 п. 10 ск.)Хјустон – Л.А. Клиперс 99:78 (Чак Хејс 12 п. 13 ск. / Ерик Гордон 19 п. 6 ас.)Сан Антонио – Јута 111:102 (Ричард Џеферсон 20 п. / Ал Џеферсон 23 п. 8 ск.)Милвоки – Кливленд 108:101 (Џон Салмонс 32 п. Дру Гуден 15 п. 13 ск. 13 ас. / Бајрон Дејвис 19 п. 6 ас.). Крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.
Спорт
(Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.
Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.
Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.
Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.
По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.
Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.
И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.
Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.
Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.
Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.
Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.