Спорт
Сто илјади долари казна за „судија педер“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/29b2ccec-0189-4e4c-ba6e-e658b2aa641b.jpeg)
Комесарот на НБА Дејвид Стерн му изрече казна од 100.000 долари на Коби Брајант за навреда на судијата Бени Адамс кога му досуди техничка лична грешка на мечот со Сан Антонио Спарс.
Комесарот на НБА Дејвид Стерн му изрече казна од 100.000 долари на Коби Брајант за навреда на судијата Бени Адамс кога му досуди техничка лична грешка на мечот со Сан Антонио Спарс.Навредата комесарот ја крстил хомофобична, а всушност се работи за толку често употребениот израз, барем кај нас на Балканот, „судија педер“. Иако Коби се извинил по натпреварот Стерн изјави дека ова не смее да се толерира. Веднаш се јавија разни организации за заштита на хомосексуалците кои побараа јавно извинување од Коби и осуда на неговиот испад од страна на Лејкерси. Коби се јавил лично и на претседателот на организацијата за човекови права и упатил извинување. Извикувањето на Брајант е убаво снимено од камерите на ТНТ и бекот на Лејкерси сега ќе биде полесен за 100 илјади зелени банкноти.крај/макфакс/м/н/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-12.jpg)
Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД.
Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91.
Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81).
Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд.
Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција со 7:30.18, поставувајќи нов национален рекорд.
Каи Робинсон го собори австралискиот рекорд со време од 7:30.38.
Спорт
(Видео) Дејвис се повреди во дебито за Далас – Маверикс го победија Хјустон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739053613-Entoni-Dejvis.jpg)
Далас Маверикс во првиот меч пред домашната шублика, по трејдот на Лука Дончиќ, во дербито на тексас го победија Хјустон со 116:105. Спектакуларно деби имаше Ентони Дејвис.
Ол стар играчот, кој како дел од размената за Дончиќ пристигна во Далас, за нешто помалку од 31 минута на теренот забележа 26 поени, 16 скокови, седум асистенции и три блокади. Особено импресивен беше во првото полувреме, кое го заврши со 24 поени, 13 скокови, пет асистенции и три блокади.
Она што може да биде проблем за Далас е што Дејвис се повреди во третиот период. Замина во соблекувалната не се врати на теренот.
Anthony Davis went to the locker room after suffering a non-contact injury on this play.
(via @BleacherReport)
pic.twitter.com/X1sSp5LvTC— Yahoo Sports (@YahooSports) February 8, 2025
Далас фуриозно го отвори натпреварот, во еден момент, во втората четвртина, Маверикс водеа со 21 поен разлика, а во првиот дел постигнаа 65 поени.
Хјустон успеа да се врати во мечот, ја намачли разликата на четири поени, но Далас сепак до крајот успеа да ја задржи контролтата. Во последната четвртина лесно ја одржуваа преноста помеѓу седум и девет поени.
Покрај Дејвис во тимот на Далас најефикасни беа Кристи со 23 и Маршал со 16 поени. Ирвинг и Томпсон постигнаа по 13 поени.
За Хјустон Шенгун постигна 30 поени со осум скока, Грин 24 поени, а Томпсон 20 со седум украдени топки.
Далас сега има биланс од 28 победи и 25 порази, Хјустон има 32 победи и 20 порази.
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Челси од ФА купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-11.jpg)
Фудбалерите на Брајтон успеаја да направат големо изненадување и да го елиминираат Челзи во четвртото коло на ФА Купот.
„Галебите“ беа подобри на домашен терен по пресвртот од 2:1.
Челзи поведе по само пет минути игра кога голманот на Брајтон, Вербурген, ја смести топката во сопствената мрежа.
Сепак, предноста на Челзи не траеше долго, бидејќи Брајтон успеа да израмни во 12. минута кога погоди Жоржињо Рутер.
Со тој резултат играта отиде во долга пауза, за во второто полувреме да дојде до пресврт.
Победата на Брајтон му ја донесе асистентот за првиот гол, Јапонецот Митома во 57.минута.