Спорт
Нaполи и Интер губат здив во трката за скудетото
Се чини дека Наполи пред своите гледачи го доживеа клучниот пораз од Удионезе (1:2) во борбата за титулата, како и актуелниот првак Интер кој во саботата беше поразен од Парма
Во последниот меч од 33-то коло на Серија А фудбалерите на Удинезе иако ослабени за ниграњето на свите најдобри стрелец Антонио ди Натале и Алексис Санчез кои сезонава постингаа вкупно 38 голови (26 + 12) , успеаја да го совладаат на „Сао Паоло“ второпласираниот Наполи, кој на пет кола до крајот на првенството има шест бодови заостанување зад водечкиот Милан.За среќа на гостите од Удине напаѓачкиот ред на Наполи беше тотално индиспониран, и не успеа во текот на натпреварот да ги поврзе своите редови ниту да создаде чиста шанса за постигнување погодок. На спротивната страна Удинезе кој повеќе беше ориентиран на одбраната, со брзи контранапади посериозно се закануваше, а неговите напаѓачи од далечина се обидуваа да дојдат до водство. По борбеното прво полувреме кое заврши без голови, во вториот во 55 минута швајцарскиот (со турско потекло) играч од средината Гекан Инлер постигна прекрасен погодок шутирајќи силно и прецизно во самиот агол од околу 25 метри а само шест минути подоцна аренетинскиот напаѓач Герман Денис со одличен полуволеј на додавање од Колумбиецот Пабло Армерам по вторпат го совлада домашниот голман Морган де Санктис. Но Денис не го прослави својот погодок кој на Удинезе му отвори можност за што повисок пласман, бидјеќи до почетокто на сезоната играше токму за Наполи. Солидното водство на гостите ја зголеми нервозата на домашните играчи кои и претходно беа нестрпливи да го отворат резултатот пред своето преполно гледалиште во обидите да го намалт водството на Милан на само три бода. Во таква игра се редеа грешките на домаќините, а 87 минута најверојатно и деконцентриран од мешаницата на теренот, Единсон Кавани ја пропушти најголемата можност на Наполи да му донесе надеж дека во завршницата ќе може да дојде барем до бод. Кавани шутираше слабо од белата точка, што му овозможи на словенечкито голман на гостите Самир Хандановиќ да го одбрани ударот. Кавани и во продолжението од пет минути не успеа со волеј да ја затресе противничката мрежа од оддалеченост од помалку од десет метри, но за среќа овојпат промашената топка дојде до Маскара кој ја закова во мрежата на Удинезе. Наполи остана второто место со шест бодови помалку од Милан, а Удинезе исто така остана на петтата позиција, но ја намали предноста што пред него ја имаат Лацио – на само еден бод, Интер на четири бодопви и Наполи на шест, создавајќи си можност да се избори за излез во Лигата на шампионите. Уште еднаш оваа сезона фудбалерите на римски Лацио докажаа дека заслужуваат висок пласман и во последните пет кола од Сарија А ќе се борат за излез во Лигата на шампионите. Тоа го потврдија со денешната висока победа кај Катанија од 4:1.Головите за „бјанкочелестите“ кои сега имаат 60 бодови и се зацврстуваат на четвртата позиција, ги постигнаа Хернанес во 40, Маури во 56, Флокари во 78 и Зарате во 90 минута, додека Катанија успеа само да изедначи на 1:1 преку Шелото во 46 минута.Еден од најтрофејните италијански клубови торински Јувентус повторно пружи бледа партија, и овојпат на гостувањето кај Фиорентина одигра без голови. „Старата дама“ испушти голема можност да ја мине Рома по нејзиниот вчерашен пораз на „Олимпико“ од Палермо, и сосема да му се прибложи на петопласираниот Удинезе со што ќе си обезбеди излез на европската сцена.
Во 33-то коло од италијанското фудбалско првенство, важна победа во борбата за опстанок извојува Чезена која со голот на Богдани во 48 минута го совлада отпишаниот Бари кој досега има освоено само 21 бод. Чезена сега со 34 бодови се извлече од зоната за испаѓање и е на 17-то место, додека 18-та Сампдорија има 32 бода.Џенова ја совлада Бреша со 3:0. Стрелци беа Рафиња во 59, Берарди си постогна автогол во 71, и Антонели во четвртата минута од судиското продолжување. Џенова е на 11-то место со 42 бодови, додека Бреша има сѐ помалку шанси да се спаси од напуштање на лигата – има 30 бодови и е на претпоследното 19-то место. Киево ја совлада Болоња со 2:0, а головите ги постигнаа Констант во 15 и Маркилони во 83 минута. Киево е на 13-то место со 39 бодови едно место подоле со бод помалку од Болоња којашто беше казнета со одземање три бода.Највозбудливиот и најефиканскиот меч во неделата го одиграа Лече и Каљари – 3:3, при што гостите покрај тоа што први дојдоа во водство со голот на Аквафреска во 20 минута, до самиот крај имаа водство од 3:1, до кое дојдода преку Конти во 67 и повторно Аквафреска во 72 минута. Но домаќините сепак на крајот дојдоа до бод со головите на Фабиано во 88 минута и на Корвиа во четвртата минута од судиското дополнување, откако на 1:1 претходно во 49 минута изедначи Месбах. Со резултатот постигнат во саботата, актуелниот првак Интер на пет кола до крајот на првенството тешко може да се надева дека ќе ја одбрани титулата. Во саботата навечер Интер како гостин на „Енио Тардини“ загуби од Парма со 2:0. Себастијан Џовинко и Амаури беа стрелци на головите за домашниот тим. Парма освои значајни бодови во борбата за опстанок во лигата, додека Интер сега зад Милан заостанува осум бодови. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во 77-та минута на местот на Харија.Лидерот на табелата Милан според очекувањата лесно се справи со Сампдорија, во победата од 3:0 погодоците ги постигнаа Сидорф, Касано и Робињо.Рома неочекуван со 2:3, загуби на домашен терен од Палермо. Франческо Тоти го постигна првиот гол на мечот, по што Палермо одговори со три погодока, на Пиниља и двапати Хернандез, додека Вучиниќ само го ублажи поразот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимпискиот шампион во скијачки скокови има фобија од височина
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд, кој јавно призна дека се плаши од височина, во понеделникот, освои олимписко злато, на малата скокалница, на Зимските олимписки игри Милано и Кортина.
Минатата година, токму поради неговиот страв од висина, тој беше принуден да се повлече од еден натпревар, за што отворено пишуваше на социјалните мрежи во тоа време.
„Многумина од вас веќе ме прашаа зошто не скокам, па еве објаснување. Како што некои од вас веќе знаат, имам страв од височина“, напиша Рајмунд на Инстаграм откако се повлече од натпреварот во Словенија минатиот март.
Потоа тој истакна дека најчесто успева да го држи тој проблем под контрола, и тоа, како што се испостави, беше случај и во финалето на Олимписките игри.
„Обично проблемот е што имам премногу сила во нозете и поради тоа моето движење е малку нестабилно. Па сега знаев дека само треба да се исправам и да го пуштам скокот да оди“, рече Рајмунд откако го освои златото.
Со најдобар скок од 106,5 метри и вкупно 274,1 поени, Германецот го победи Полјакот Качпер Томашак, кој освои сребро, додека Јапонецот Рен Никаидо и Швајцарецот Грегор Дешванден го поделија бронзениот медал.
Рајмунд пристигна на своите први Олимписки игри како шести скокач во светот. Пред ова натпреварување, неговиот најдобар резултат беше четвртото место на Светското првенство во екипна конкуренција, како и со само една победа во Светскиот куп, и тоа во мешана екипна конкуренција.
„Никогаш не сум победил на натпревар од Светскиот куп, а сега сум олимписки шампион и веројатно ќе бидам познат по тоа до крајот на животот, бидејќи имам златен медал. Навистина е неверојатно“, рече Рајмунд.
Foto/ EPA
Спорт
Историски триумф на Австријките во комбинација, фаворизираните Американки потфрлија
Австриските скијачки Аријана Редлер и Катарина Хубер испишаа нови страници во историјата, бидејќи станаа првите олимписки шампионки во тимска комбинација на Игрите во Милано и Кортина д’Ампецо.
Редлер скијаше во спуст, а Хубер слалом, и заедно постигнаа комбинирано време од 2:21,66 минути, што беше за пет стотинки подобро од Германките Кира Вајдл-Винкелман и Ема Ајхер.
За Хубер ова е второ олимписко злато, бидејќи пред четири години во Пекинг го освои најсјаниот медал во тимска конкуренција, а интересно е што во кариерата не стигна до ниту еден подиум во Светскиот куп.
Златото на Редлер во Кортина е најголемиот успех во нејзината кариера, но таа, од друга страна, има два подиума во Светскиот куп, двата во супервелеслалом.
На третото скалило од подиумот беа американските скијачки Жаклин Вајлс и Паула Молзан, кои беа 25 стотинки зад новите олимписки шампионки.
Најголемото изненадување на трката е секако фактот што првите фаворити за златото – Американките Бризи Џонсон и Микаела Шифрин, останаа без медал.
Новата олимписка шампионка во спуст, Џонсон ги искачи Американките на врвот по првата серија, меѓутоа, на тешката патека, Шифрин потфрли.
По првата серија, Џонсон беше шест стотинки пред Редлер, а по неа следуваше Италијанката Лаура Пировано. Сепак, италијанската скијачка по слалом Мартина Петерлини не успеа да ја заврши својата тројка, што им овозможи на Германките да се искачат на подиумот од шестата позиција, а потоа и на втората постава на Америка.
Кога дојде време за решавачкиот судир меѓу Австријките и Американките, Хубер скијаше доволно добро за да се избие во водство. Се очекуваше дека Шифрин без проблем ќе ја заврши работата. Сепак најдобрата скијачка на сите времиња, подлегна на притисокот, особено во вториот дел од патеката и на крајот не можеше да биде подобра од четвртото место.
Foto/ EPA
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA

