Спорт
Експлозив испратен по пошта до Нил Ленон
До тренерот на Селтик од Глазгов, Нил Ленон по пошта беше испратена експлозивна направа којашто полицијата ја пресретна и демонтира.
До тренерот на Селтик од Глазгов, Нил Ленон по пошта беше испратена експлозивна направа којашто полицијата ја пресретна и демонтира.Направата со течен експлозив, според полицијата, не е дело на професионалец. Исти такви направи биле испратени и до неговиот адвокат и навивач на Селтик, Пол Мек Брајд, како и до потпретседателката на шкотскиот парламент, исто така навивач на Селтик, Триша Гадмен.Триесет идвегодишниот Ленон беше репрезентативец на Северна Ирска. Уште од 2002 година кога ја прекина играчката кариера, тој се соочува со смртни закани, а неколкупати беше и физички нападнат. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Челси од ФА купот
Фудбалерите на Брајтон успеаја да направат големо изненадување и да го елиминираат Челзи во четвртото коло на ФА Купот.
„Галебите“ беа подобри на домашен терен по пресвртот од 2:1.
Челзи поведе по само пет минути игра кога голманот на Брајтон, Вербурген, ја смести топката во сопствената мрежа.
Сепак, предноста на Челзи не траеше долго, бидејќи Брајтон успеа да израмни во 12. минута кога погоди Жоржињо Рутер.
Со тој резултат играта отиде во долга пауза, за во второто полувреме да дојде до пресврт.
Победата на Брајтон му ја донесе асистентот за првиот гол, Јапонецот Митома во 57.минута.
Спорт
(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа
Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Разликата меѓу Реал и Атлетико остана еден бод, а утре доколку Барселона победи ќе се доближи на бод до Атлетико и два до Реал.
Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите беа многу поопасни во првиот дел, кога ништо не функционираше во играта на Реал. Тактиката на Чоло Симеоне целосно ги исклучи од играта на Реал Винисиус и Мбапе. Единствен кој се обидуваше да направи нешто беше Родриго. Реал не упати удар во рамките на голот на Атлетико во првиот дел.
ВАР во 35. минута се огласи по стартот на Чуамени врз Лино. Хулијан Алварез со паненка го постигна првиот гол во градските пресметки.
По голот, кога нервозата се вовлече во играчите на Реал, Атлетико имаше три опасни напади, два пати одлични реагираше Чуамени, кој ги блокираше ударите на Лино и Алварез, а ударот на Галан, кој гаѓаше во спротивниот агол заврпи крај голот.
Во вториот дел Реал излесе со отворен гард, се редеа нападите пред голот на Алтеико. Израмно Мбапе во 50.минута, откако Хименез го блокира ударот на Белингем, Французинот од 10 метри ја погоди целта.
Веќе во следниот напад Белингем ја погоди гредата, а десетина минути подоцна Англичанецот во чиста позиција лоши биеше со глава и му овозможи лесна интервенција на Облак. Реал до крајот имаше уште една опасна акција, кога од 20 метри ударот на Родриг заврши крај голот.
Атлетико во вториот дел и покрај тоаш што беше дефанзивно оријентиран, имаше четири-пет опасни напади, но секогаш недостигаше завршното додавање.
Спорт
(Видео) Штутгарт победи во Дортмунд, Баер ремизираше во Волсфбург
Нико Ковач неуспешно дебитираше на клупата на Борусија Дортмунд. Во рамките на 21. коло, Шутгарт победи во Дортмунд со 2:1.
Првото полувреме беше здодевно и заврши без голови, вториот дел беше значително подобар.
Гостите поведоа во 50минута, кога со несмасна интервенција Валдемар Антон ја испрати топката во сопствената мрежа.
Домашните не се ни соземаа од шокот, а следеше нов.
Само 12 минути подоцна Сабо ја удвои предноста на својот тим на асистенција на Левелинг.
Јулијан Брант им даде надеж на домашните дека барем можат да дојдат до бод, кога постигна гол во 81. минута.
Дортмунд продолжува да паѓа на табелата во Бундеслигата, сега е на 11. место со 29 бодови. По два порази, Штутгарт забележа голема победа со која се искачи на четвртото место со 35 бодови.
Во ова коло актуелниот првак Баер Леверкузен одигра без голови во Волфсбург. „Фармацевтите“ сега на второто место имаат осум бода помалку од лидерот Баерн.
Резултати:
Борусија Дортмунд – Штутгарт 1:2 (0:0)
Антон 50 (аг), Сабо 62 – Брант 81
Фрајбург – Хајденхајм 1:0 (1:0)
Грифо 30
Хофенхајм – Унион Берлин 0:4 (0:1)
Холербах 24, 87 Љубичиќ 61, Илиќ 73
Мајнц – Аугсбург 0:0
Волфсбург – Баер Леверкузен 0:0