Спорт
Мурињо открива што е суштината на фудбалот
По вчерашната победа над Барселона во финалето од шпанскиот кралски куп, стратегот на мадридски Реал, Жозе Мурињо ги пофали своите играчи и својата тактичка поставеност, обраќајќи им се и на критичарите.
По вчерашната победа над Барселона во финалето од шпанскиот кралски куп, стратегот на мадридски Реал, Жозе Мурињо ги пофали своите играчи и својата тактичка поставеност, обраќајќи им се и на критичарите.Во финалниот меч кој се играше на легендарната „Местаља“ во Валенсија пред 55 илјади гледачи, во 103-та минута од продолженијата благодарејќи на погодокот на Кристијан Роналдо, Реал успеа по 18 години да триумфира во шпанскиот Копа дел Реи. „Ова не е мој трофеј, тој им пропаѓа на сите во клубот, а особено пофалби за Касиљас и Пепе, тие беа фантастични“, рече во четвртокот Жозе Мурињо.Португалецот потоа се осврна на критиките упатени на негова адреса од страна на легендата на Реал, Алфред ди Стефано. Имено, по саботниот натпревар на мадридски „Сантјаго Бернабеу“ меѓу двата големи ривала, кој заврши без победник – 1:1 и по кој „кралевите“ најверојатно се простија од желбата годинава да триумфираат во шпанската Пример, Ди Стефано остро ја критикуваше тактиката на Мурињо, изјавувајќи дека е вистинско уживање да се гледа играта на Барселона. „Може да ме критикуваат колку сакаат, но мене тоа не ми е важно. Нека веруваат дека најдобриот фудбал е оној во кој има многу додавања и дека е подобра онаа екипа којашто има поголем посед на топката. Но за мене е многу важно како ја играте одбраната и зонски го покривате теренот, бидејќи кога противникот ќе ве ’стисне’ , важно е и натаму да функционираше како екипа, да не ви пукнат линиите, тоа е суштината на фудбалот“, рече Мурињо за шпанските медиуми.„Да се освои трофеј со Реал е убаво чувство, но мојата работа во Мадрид не се состои само од освојување трофеи. Јас треба да ја изменам структурата на клубот и менталитетот на луѓето. И да не го освоевме купот, јас ќе бев задоволен од играта, а единствената разлика ќе беше тоа што ќе бевме малку тажни. Сето останато беше добро,. Тактички одлично игравме, со многу малку грешки. Беше изедначен натпревар, ние бевме подобри во првото, Барселона во второто полувреме. Во продолженијата играчите на Барса беа многу изморени и фрустрирани бидејќи не го добија она на што се навикнати“, коментираше Мудрињо за вчерашниот натпревар. Барселона и Реал наскоро ќе ги одиграат двата меча во полуфиналето на Лигата на шампионите, Првиот меч ќе се одигра на 27 април во Мадрид, а реваншот е на 3-ти мај на „Камп Ноу“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

