Спорт
Јонуз: Против Ирците одиме на три бода

На тема Р. Ирска, денеска во Охрид прес конференција одржа селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз.
На тема Р. Ирска, денеска во Охрид прес конференција одржа селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз.
На половина од квалификацискиот циклус тој смета дека шансите за пласман на едно од првите три места во групата не се загубени.
“На половина од циклусот ќе се приближиме до врвот колку што сега сме далеку од него. Бодовите од оваа средба ни се потребни исто колку што им требаат и на Ирците“, рече Јонуз.
Тимот и тактиката за натпреварот со Ирска сè уште не е познат, но Јонуз најавува дека нема да отстапи од офанзивната варијанта со тројца напаѓачи.
“Ирска игра сосема различно дома и во гости. Мораме да ги натераме фудбалерите да играат, брзо да се трансформираат и да се движат без топка“, смета селекторот.
Во офанзивата проблеми на Јонуз му задава повредата на Ацо Стојков, кој по претпладневниот тренинг е ослободен од обврските.
Дополнителни главоболки за селекторот е и повредата на Горан Попов, чиј настап е неизвесен.
Ако е за утеха Ирците во Скопје ќе играат без Дан, Таф и Дојл.
Натпреварот од шестото коло во квалификациите за Еуро 2012 Македонија Република Ирска ќе се одигра во сабота со почеток во 21.30 часот. /крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.