Спорт
Македонија во петтиот барабан ги чека квалификациските противници за СП во 2014

Македонската фудбалска репрезентација од претпоследниот барабан ќе ги чека своите противници во квалификациониот циклус за пласман на Светското првенство, кое во 2014 година ќе се одржи во Бразил.
Македонската фудбалска репрезентација од претпоследниот барабан ќе ги чека своите противници во квалификациониот циклус за пласман на Светското првенство, кое во 2014 година ќе се одржи во Бразил. Европската фудбалска унија (УЕФА) попладнево го објави распоредот на барабаните од кои ќе се врши извлекувањето, кое ќе се одржи на 30 јули. Европските репрезентации ќе бидат поделени во девет групи, победниците на групите ќе изборат директен пласман на Мундијалот во Бразил, додека, осум најдобри второпласирани репрезентации ќе разигруваат за дополнителните четири места од европската зона. Барабан 1: Шпанија, Холандија, Германија, Англија, Португалија, Италија, Хрватска, Норвешка, ГрцијаБарабан 2: Србија, Словенија, Русија, Франција, Црна Гора, Швајцарија, Словачка, Данска, ШведскаБарабан 3: Турција, Чешка, Израел, Ирска, Романија, БиХ, Бугарија, Украина, БелгијаБарабан 4: Литванија, Албанија, Унгарија, Белорусија, Ерменија, Грузија, Северна Ирска, Шкотска, ПолскаБарабан 5: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Естонија, Латвија, Финска, Молдавија, Кипар, Азербејџан, ВелсБарабан 6: Исланд, Луксембург, Фарски острови, Казахстан, Лихтенштајн, Малта, Андора, Сан Марино. крај/uefa/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.