Контакт

Спорт

Џерард:Ќе бидам уште подобар кога ќе се вратам на теренот

Објавено пред

Капитенот на фудбалскиот клуб Ливерпул Стивен Џерард денеска изјави дека успешно се опоравува по операцијата на препоните и дека ќе биде целосно подготвен за новата сезона.

Капитенот на фудбалскиот клуб Ливерпул Стивен Џерард денеска изјави дека успешно се опоравува по операцијата на препоните и дека ќе биде целосно подготвен за новата сезона. Џерард поради повреда не играше од март, а опериран е нешто повеќе од еден месец. „Имам многу самодоверба. Кога ќе се вратам ќе бидам одлично физички подготвен, веројатно како никогаш досега во изминатите 10 години. Работам двојно повеќе од претходно. Операцијата добро помина и клупските лекари се задоволни со опоравувањето“, изјави Џерард за англиските медиуми. Тој минатата сезона пред повредата одигра 24 натпревари и постигна осум голови. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јувентус водеше, па спасуваше бод против Сасуоло

Објавено пред

Јувентус освои бод против Саусоло, натпреварот во Реџо Емилија заврши 3:3. Вечерва, Лацио со Серија А ја продолжи лошата серија, 0:0 во Удине кај Удинезе, Фиорентина одигра за Џенова откако победи во Лече со 3:1, а Рома ја совлада Верона со 2:1.

Јувентус не успеа да го победи Саусоло иако по 12 минути игра имаше предност од 0:2. Данило го постигна првиот гол во петттата минута, а во седум минути подоцна гол постигна Игуаин по брилијантната асистенција на Пјаниќ.

Сасуло намали преку Ѓуричиќ во 29. минута.

Во вториот дел Сасуоло за 180 секунди направи пресврт. Берарди постигна гол за 2:2 во 51. минута, а во 54. минута Капуто му донесе предност на својот тим.

Бод за Јувентус спаси Алекс Сандро во 64. минута со својот прв гол оваа сезона.

До крајот на мечот Саусоло имаше голема шанса преку Бога, но неговиот удар во 84. минута од гол-линијата го одбрани Алекс Сандро.

Јувентус е лидер со 77 бода, девет повеќе од Интер, но екипата на Антонио Конте утре игра кај СПАЛ и ќе може да ја намали предноста.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ван Дајк и Алисон го честеа Арсенал

Објавено пред

Арсенал го победи Ливерпул со 2:1 во дерби-мечот одигран во рамките на 36. коло во Премиер лигата. Со овој пораз Ливерпул останаа без можност да му го урне рекордот на Манчестер сити од 100 освоени бода.

Ливерпул од моментот кога ја обезбеди шампионската титула не е тимот што газеше во Премиер лигата. Против Арсенал го имаше поседот на своја страна, упатија 22 удара кон голот на Мартинез, но само еднаш ја погодија целта.

За разлика од нив, фудбалерите на Арсенал рационално ги користеа своите шанси, три пати шутираа кон Алисон, постигнаа два гола.

Првиот гол на натпреварот, по една школска акција, го постигна Садио Мане во 20. минута. Арсенал направи пресврт за 12 минути. „Топџиите“ знаеја да ги искористат подароците што ги добија од Ван Дајк и Алисон Бекер.

Александар Лаказет постигна гол за 1:1 во 32. минута, а Рис Нелсон направи пресврт во 44. минута.

Арсенал остана на деветтото место со 53 бода, Ливерпул на првата позиција има 40 бода повеќе од „топџиите“.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул против Челси ќе го кренат трофејот

Објавено пред

Премиер лигата потврди дека по натпреварот со Челси ќе им биде врачен шампионскиот пехар на фудбалрите на Ливерпул. Новите шампиони на Англија ќе го пречекаат Челси на 22 јули од 21.15 часот.

Фудбалерите на Ливерпул математички ја освоија титулата по 31 коло кога го победија Кристал Палас, а Челси го порази Манчестер сити.

Пехарот ќе им биде доделен во претпоследното коло бидејќи тоа ќе биде последниот натпревар што ќе го одиграа „црвените“ на домашен терен оваа сезона.

Премиер лигата објави дека пехарот ќе им биде доделен на посебна свеченост по завршувањето на натпреварот.

Тој натпревар нема да има никакво значење за Ливерпул, додека за Челси ќе има исклучително значење бидејќи „сините“ со Лестер и Манчестер Јунајтед се борат за пласман во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија48 минути

ДИК: Според 93 отсто од обработените податоци „Можеме“ има 36,13%, а ВМРО-ДПМНЕ 34,65% од гласовите

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места,...

Македонија1 час

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија3 часа

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија4 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија4 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија4 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија5 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија7 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија8 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија10 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија10 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија10 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија11 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија13 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија13 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион13 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет14 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија15 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Досие