Контакт

Спорт

Репеша нов тренер на Реал

Објавено пред

Хрватскиот кошаркарски тренер, Јасмин Репеша, речиси сигурно ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.

Хрватскиот кошаркарски тренер, Јасмин Репеша, речиси сигурно ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Репеша синоќа пристигнал во Мадрид, бил на разговори на стадионот „Сантијаго Бернабе“, а потоа го посетил тренинг центарот на кошаркарите на Реал. Како што јавуваат шпанските медиуми, Репеша би требало да потпише тригодишен договор. Името на Репеша со Реал се поврзуваше и пред неколку години, но тогаш тој ја одби понудата бидејќи беше селектор на хрватската репрезентација. Реал ова сезона не успеа да постигне некој позабележителен резултат иако екипата играше во полуфиналето на Евролигата и домашното првенство. Поради релативно лошите резултати раководството на тимот во пресрет на новата сезона најави голема реконструкција на екипата. крај/макфакс/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јувентус водеше, па спасуваше бод против Сасуоло

Објавено пред

Јувентус освои бод против Саусоло, натпреварот во Реџо Емилија заврши 3:3. Вечерва, Лацио со Серија А ја продолжи лошата серија, 0:0 во Удине кај Удинезе, Фиорентина одигра за Џенова откако победи во Лече со 3:1, а Рома ја совлада Верона со 2:1.

Јувентус не успеа да го победи Саусоло иако по 12 минути игра имаше предност од 0:2. Данило го постигна првиот гол во петттата минута, а во седум минути подоцна гол постигна Игуаин по брилијантната асистенција на Пјаниќ.

Сасуло намали преку Ѓуричиќ во 29. минута.

Во вториот дел Сасуоло за 180 секунди направи пресврт. Берарди постигна гол за 2:2 во 51. минута, а во 54. минута Капуто му донесе предност на својот тим.

Бод за Јувентус спаси Алекс Сандро во 64. минута со својот прв гол оваа сезона.

До крајот на мечот Саусоло имаше голема шанса преку Бога, но неговиот удар во 84. минута од гол-линијата го одбрани Алекс Сандро.

Јувентус е лидер со 77 бода, девет повеќе од Интер, но екипата на Антонио Конте утре игра кај СПАЛ и ќе може да ја намали предноста.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ван Дајк и Алисон го честеа Арсенал

Објавено пред

Арсенал го победи Ливерпул со 2:1 во дерби-мечот одигран во рамките на 36. коло во Премиер лигата. Со овој пораз Ливерпул останаа без можност да му го урне рекордот на Манчестер сити од 100 освоени бода.

Ливерпул од моментот кога ја обезбеди шампионската титула не е тимот што газеше во Премиер лигата. Против Арсенал го имаше поседот на своја страна, упатија 22 удара кон голот на Мартинез, но само еднаш ја погодија целта.

За разлика од нив, фудбалерите на Арсенал рационално ги користеа своите шанси, три пати шутираа кон Алисон, постигнаа два гола.

Првиот гол на натпреварот, по една школска акција, го постигна Садио Мане во 20. минута. Арсенал направи пресврт за 12 минути. „Топџиите“ знаеја да ги искористат подароците што ги добија од Ван Дајк и Алисон Бекер.

Александар Лаказет постигна гол за 1:1 во 32. минута, а Рис Нелсон направи пресврт во 44. минута.

Арсенал остана на деветтото место со 53 бода, Ливерпул на првата позиција има 40 бода повеќе од „топџиите“.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул против Челси ќе го кренат трофејот

Објавено пред

Премиер лигата потврди дека по натпреварот со Челси ќе им биде врачен шампионскиот пехар на фудбалрите на Ливерпул. Новите шампиони на Англија ќе го пречекаат Челси на 22 јули од 21.15 часот.

Фудбалерите на Ливерпул математички ја освоија титулата по 31 коло кога го победија Кристал Палас, а Челси го порази Манчестер сити.

Пехарот ќе им биде доделен во претпоследното коло бидејќи тоа ќе биде последниот натпревар што ќе го одиграа „црвените“ на домашен терен оваа сезона.

Премиер лигата објави дека пехарот ќе им биде доделен на посебна свеченост по завршувањето на натпреварот.

Тој натпревар нема да има никакво значење за Ливерпул, додека за Челси ќе има исклучително значење бидејќи „сините“ со Лестер и Манчестер Јунајтед се борат за пласман во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

СДСМ со 1 процент водство пред ВМРО-ДПМНЕ, пребројани 80 отсто од гласовите

Коалицијата предводена од СДСМ, „Можеме“, води со освоени 36,79 отсто гласови пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,77 отсто. Во...

Македонија2 часа

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија3 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија3 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија3 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија4 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија6 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија7 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија9 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија9 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија10 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија10 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија12 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија12 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион12 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет13 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија15 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија16 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион17 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија18 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Досие