Контакт

Спорт

Шмајхел разочаран, Лидс го продаде на Лестер

Објавено пред

Голманот на Лидс Јунајтед Каспер Шмајхел е непријатно изненаден од одлуката на клубот да го продаде на Лестер Сити.

Голманот на Лидс Јунајтед Каспер Шмајхел е непријатно изненаден од одлуката на клубот да го продаде на Лестер Сити.Во Лидс е прифатлива понудата на Лестер за Шмајхел. Менаџерот Сајмон Грисон потврди дека во клубот се задоволни од настапите на Шмајхел, но дека понудата на Лестер за Шмајхел е добра зделка.Младиот Каспер Шмајхел син на легендарниот голман на Манчестер Јунајтед Петер Шмајхел е разочаран што клубот не му понуди нов договор и смета дека не му е пружена вистинска шанса да се докаже во годината проведена во Лидс каде што дојде од Нотс Каунти.  /крај/Макфакс/.м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Несторовски и Удинезе ја „стресоа“ Рома на „Олимпико“ (видео)

Објавено пред

Илија Несторовски го постигна својот втор гол во дресот на Удинезе за да помогне гостите да стигнат до неочекувана 2:0 победа кај Рома, така ставајќи ги шансите на „волчицата“ за пласман во ЛШ во доменот на теорија, а во исто време подобрувајќи ги сопствените шанси за опстанок.

Кевин Лазања уште во 12. минута ги донесе „зебрите“ во водство, а шансите на Рома за камбек беа намалени по половина час игра кога Диего Пероти доби црвен картон.

Македонскиот репрезентативец Несторовски доби шанса во 65. минута и во 78. минута не му беше тешко да ја спроведе топката во голот на Рома откако Родриго де Паул имаше одлично пробивање.

Со поразот, Рома останува на петтото место со 48 поени, дури 12 зад Аталанта на четвртото место на девет кола пред крајот, додека Удинезе сега се 14. со 31 поен, шест поени над зоната за испаѓање.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити почнаа со шпалир, па го „демонтираа“ Ливерпул (видео)

Објавено пред

Стариот англиски шампион Манчестер сити стигна до импресивна 4:0 победа над новокрунисаниот шампион Ливерпул во интересен меч на „Етихад“, кој започна со шпалир за заслужените прваци.

Иако гостите имаа подобар старт на мечот и изгледаа поактивни на теренот во текот на целото прво полувреме, грешките во одбраната ги чинеа скапо. Кевин де Брујне ги донесе Сити во водство од пенал во 25. минута откако Џо Гомез го собори Рахим Стерлинг во шестнаесетникот.

Десет минути подоцна, Стерлинг се запиша во листата на стрелците по асистенцијата на Фил Фоден, кој го комплетираше одличното прво полувреме со гол во 45. минута по одличната асистенција на Де Брујне.

Сити имаа две одлични шанси на стартот на второто полувреме, пред Ливерпул да побараат пенал во 57. минута, кога Кајл Вокер го „собра“ Садио Мане. Наместо враќање, во 66-тата минута, Сити зголеми на 4:0, откако Стерлинг се најде во одлична шанса и неговиот шут, кој изгледаше непрецизно, беше „закачен“ од Окслејд-Чембрлен кој ја смести топката во сопствената мрежа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн „несакајќи“ го потврди трансферот на Сане

Објавено пред

Иако Баерн Минхен официјално уште не го потврди трансферот на Лирој Сане од Манчестер сити, вечерва „мешаницата“ со арапската верзија на нивниот Твитер профил, јасно покажа дека Германецот е нов фудбалер на клубот.

Според „Билд“, Твитер профилот на арапски јазик на Баерн, „несакајќи“ ги објавил фотографиите од потпишувањето на договорот предвреме, а откако бргу го избришале твитот, нормално фотографиите се рашириле преку Интернет.

Се верува дека Сане потпишал петгодишен договор со Баерн, а дека Баварците платиле околу 60 милиони евра за него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет6 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Македонија8 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија9 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија9 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Македонија10 часа

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на...

Спорт12 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија13 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија14 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет15 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет15 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија15 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет15 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија15 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет15 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет16 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет16 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет1 ден

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Досие