Спорт
НХЛ: Едмонтон Ојлерс го избраа првиот пик на драфтот

Едмонтон Ојлерс го одбраа Канаѓанецот Рајан Наџент Хопкинс (18 г.) како прв пик на драфтот во 2011 година во НХЛ.
Едмонтон Ојлерс го одбраа Канаѓанецот Рајан Наџент Хопкинс (18 г.) како прв пик на драфтот во 2011 година во НХЛ.Наџент Хопкинс беше најефикасен играч во ВХЛ (Вестерн Хокеј Лига) со 106 бодови (31 погодок и 75 асистенции) за екипата Ред Ди Ребелс. Во Едмонтотн се надеваат дека тој ќе биде идеален тандем со крилото Тејлор Хол кого го избраа минатата година. Уште пред првиот меч на Едмонтон некои го споредуваат дури и со Вејн Грецки со кого Едмонтон освои шест прстени во НХЛ.Вториот пик на драфтот го имаа Колорадо Аваланч и го одбраа крилото од Шведска Габриел Ландески од тимот Киченер Ренџерс кој се натпреварува во Онтарио Хокеј Лига.Третиот пик на драфтот го бираа Флорида Пантерс, а во оваа екипа се одлучија за Канаѓанецот Џонатан Ибердо од Снт Џон Си Догс овогодишен победник на Квебек Мејџр Џуниор лигата. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.