Спорт
Ништо од трката Геј-Болт

Американскиот спринтер, Тајсон Геј, по се изгледа ќе го пропушти претстојното светско првенство во атлетика кое ќе се одржи во Јужна Кореја.
Американскиот спринтер, Тајсон Геј, по се изгледа ќе го пропушти претстојното светско првенство во атлетика кое ќе се одржи во Јужна Кореја. Геј, кој сезонава го има најдобриот резултата на светот на 100 метри, поради повреда на колкот мораше да се повлече од полуфиналната трка на 100 метри на националниот шампионат на САД, кој се одржува во Јуџин.Според правилата на Атлетската федерација на САД, само тројцата првопласирани од ова првенство ќе изборат пласман на Мундијалот во Јужна Кореја. Геј се уште е пријавен за дисциплината 200 метри, но самиот изјави дека минорни се шансите да се појави на оваа трка. Откажувањето на Геј ќе влијае врз организаторите на СП во Јужна Кореја, кои долго време го најавуваа дуелот Тајсон Геј – Усеин Болт. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“