Спорт
Блескаво деби на Агуеро во дресот на Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити, кои сезонава се едни од главните претенденти за титулата во англиската Премиер лига, со победа од 4:0 го затворија воведното коло во шампионатот.
Фудбалерите на Манчестер Сити, кои сезонава се едни од главните претенденти за титулата во англиската Премиер лига, со победа од 4:0 го затворија воведното коло во шампионатот.„Граѓаните“ со фуриозна игра во последните половина час од натпреварот му посакаа добредојде на новиот Премиер лигаш Свонси. Блескаше на овој натпревар најскапото засилување на Сити во преодниот рок, Серхио Агуеро. Младиот Аргентинец на теренот мина 30 минути, и на двапати успеа да се запише во листата на стрелците. Агуеро мрежата на Свонси ја погоди во 68-та и 90-та минута, а во 71-та минута му асистираше на Давид Силва кој во тој момент на Сити му донесе предност од 3:0. Серијата погодоци на стадионот во Манчестер ја отвори Един Џеко во 57-та минута. Манчестер Сити во второто премиерлигашко коло ќе му гостува на Болтон, додека Свонси на домашен терен ќе го пречека Виган. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мело за Де Бур: Никој не можеше да го поднесе

Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“.
Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период.
„Тој никогаш ништо не разбирал за фудбалот. Тој едноставно не е способен“, изјави Мело во интервју за „Газета дело Спорт“.
„Тој дури зборуваше лошо за Габигол, нарекувајќи го Габи-без гол. Тој не знаеше италијански, а никој во соблекувалната не можеше да го поднесе. На крајот на краиштата, тој издржа три месеци, а потоа продолжи да предизвикува катастрофи насекаде. Фала му на Бога што Пиоли дојде таа година.“
По Интер, Де Бур ги водеше Кристал Палас, Атланта Јунајтед, холандската репрезентација и Ал Џазира, но никаде не успеа долго да се задржи.
Фелипе Мело одигра вкупно 38 натпревари за Интер, постига еден гол. Во Серија А, тој играше и за Јувентус и Фиорентина.
Спорт
Челзи се соочува со 74 обвиненија за недозволени исптати на менаџери

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу 2009 и 2022 година. Обвиненијата првенствено се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16.
Наводните прекршувања се однесуваат на менаџери, посредници и инвестиции од трети страни во играчи, а клубот има рок до 19 септември да одговори.
Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Минатата година, тој го продаде клубот на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Бејли и приватната инвестициска фирма „Клирлејк Капитал“.
„За време на темелен процес на длабинска анализа пред да се заврши купувањето, групата сопственици стана свесна за потенцијално нецелосни финансиски извештаи во врска со претходните трансакции и други потенцијални прекршувања на правилата на ФА“, се вели во соопштението на Челзи.
„Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот независно ги пријави овие прашања до сите релевантни регулатори, вклучително и Фудбалската асоцијација. Клубот покажа невидена транспарентност во текот на целиот овој процес, вклучително и давање сеопфатен пристап до досиејата и историските податоци на клубот.“
Самата истрага ќе покаже колку сето ова ќе му помогне на клубот.
Спорт
„Пешиќ треба да поднесе оставка, ако има морал“

Мирослав Николиќ, долгогодишниот асистент на Александар Ѓорѓевиќ во кошаркарската репрезентација на Србија, смета дека последиците од неуспехот на националниот тим на Евробаскетот треба да ги сноси исклучиво селекторот Светислав Пешиќ.
Трофејниоттренер е шокиран од дебаклот на Србија на Европското првенство, и нема сомнеж кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.
„Ова се глупости, многу сум нервозен. Целата нација е разочарана. Селекторот Пешиќ треба да ја преземе одговорноста и да поднесе оставка, иако неговиот договор истекува на крајот од месецот. Дали има некаков морал? До кога селекторите ќе добиваат големи пари за неколку месеци работа годишно, а играчите ќе играат бесплатно? А потоа ако играчот не одговори на повико, тој не е патриот. Мајсторе, па како?“, рече Николиќ во интервју за „Данас“.
„Од професорот Александар Николиќ научив дека кога ќе победиш, победиле играчите. Кога ќе се загуби натпревар, го загубил тренерот. Тоа е поентата. Ќе видиме за година или две каде ќе оди нашата кошарка. Ќе видиме дали овие играчи повторно ќе се вратат во репрезентацијата, првенствено мислам на Јокиќ и Богдановиќ“.
Николиќ како асистент на Ѓорѓевиќ со Србија освои сребрени медали на светско и европски првенство, односно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Фото/ Принтскрин