Контакт

Спорт

Драстични чекори на претседателот на Хајдук

Објавено пред

Претседателот на ФК Хајдук од Сплит Хрвоје Малеш, им забрани на фудбалерот Субашиќ, на лекарот Ракиќ и на физиотерапевтот Сисгоре да се приклучат на репрезентацијата на Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на ФК Хајдук од Сплит Хрвоје Малеш, им забрани на фудбалерот Субашиќ, на лекарот Ракиќ и на физиотерапевтот Сисгоре да се приклучат на репрезентацијата на Хрватска.На овој потег тој се одлучи поради нерешениот резултат на Хајдук со градскиот ривал Сплит (1:1) во кој во 87 минута беше поништен гол на Хајдук поради наводен офсајд.Малеш ја обвини фудбалската федерација на Хрватска дека го фаворизира Динамо во лигата и дека Хајдук ќе истапи од натпреварите. Тогаш се чинеше дека овие изјави беа во наплив на лутина, но денес тој презема конкретни чекори, со забраната на фудбалерот и лекарите да се приклучат кон А тимот, но и на младинските репрезентативци од Хајдук да настапуваат во хрватскиот национален тим.Со оваа војна со хрватската фудбалска федерација, како што кажа, ги прекинува сите односи до расчистување на работите. Во Хајдук денеска е закажана итна седница на управата на клубот.   /крај/макфакс/м.н./



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Синер повторно го ангажира тренерот од аферата „Клостебол“

Објавено пред

Светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен тренер за физичка подготовка, Умберто Ферара. Минатата година, Синер се раздели со Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше покрената истрага за земање на забранетиот лек, клостебол, што резултираше со негова тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (WADA).

dobivaj vesti na viber

Толку блага казна беше изречена бидејќи беше утврдено дека забранетата супстанца влегла во телото на Синер затоа што Налди користел спреј што содржи клостебол за посекотините на раката, кој Ферера му го дал, а потоа го масирал Синер.

„Умберто одигра важна улога во развојот на Јаник и неговото враќање го покажува неговиот фокус на продолжување на играњето на највисоко ниво“, објави таборот на Синер.

Откако се раздели со Синер, Ферара работеше со друг италијански тенисер, Матео Беретини, во првата половина од оваа година.

Инаку, пред Вимблдон, Синер се раздели со фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадија. Точната причина не беше наведена, но се шпекулираше дека станува збор за пари.

Фото/ Принскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер

Објавено пред

Еурофарм Пелистер има нов тренер. Откако спогодбено се раздели со тренерот Раул Алонсо, кој ја освои титулата со клубот од Битола, клубот на неговото место го донесе Рубен Гарабаја Аренас.

dobivaj vesti na viber

Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година.

Рубен Гарабаја доаѓа од покраината Астурија, кариерата ја започна во Адемар Леон (освои Куп на Кралот и ЕХФ Куп на Купови), играше за Фригорификос де Моразо и Ваљадолид, за 2007 година да го облече дресот на Барселона.

Со Барса освои три АСОБАЛ лиги, два Купа на Кралот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009/10.

Од 2010 до 2018 година настапуваше за Натухаус Ла Риоха од Логроњо, клуб во кој ја заврши играчката и ја започна тренерската кариера.

Гарабаја со тренерската работа започна да се занимава во Логроњо како асистент тренер во 2018 година. Три години остана во Натурхаус Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.

Во 2021 година на покана на Роберто Гарсија Парондо (поранешен тренер на Вардар) стана асистент тренер во египетската репрезентација. Во овој период од две години освојува злато од шампионатот на Африка и сребро од Медитеранските игри.

Во 2022 година почнува самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше се до повикот од Битола.

Извор/ РК Еурофарм Пелистер

Прикажи повеќе...

Спорт

Албанија казнета за инцидентите на мечот со Србија

Објавено пред

Светската фудбалска федерација (ФИФА), го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија по натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

ФИФА ги информираше Албанците дека мора да платат 173.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на споменатиот натпревар.

Причината се навредите кон Србите, како и фрлањето предмети, со кои беа погодени неколку српски репрезентативци.

„Оваа казна е последица на повтореното несоодветно и пристрасно однесување на некои албански навивачи: песни со пристрасна содржина, фрлање предмети, палење пиротехника, упатени пораки несоодветни за спортски настан и прекини за време на изведувањето на националните химни“, се наведува во соопштението.

Покрај паричната казна, 20 проценти од капацитетот на стадионот ќе бидат затворени за натпреварот со Латвија.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија31 минута

Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е стабилна, информираат од неговиот кабинет. „Во врска со информациите објавени во...

Македонија3 часа

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија5 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа6 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ неодамна го блокира пристапот до 56.000 веб-страници,...

Свет7 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа7 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет7 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија7 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија21 час

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија24 часа

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија1 ден

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија1 ден

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија1 ден

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија1 ден

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа1 ден

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија1 ден

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет1 ден

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека татко му, поранешниот американски претседател Џо Бајден, зел апче за спиење пред неговата...