Спорт
Роблес остана без златото на 110 метри со пречки

Кубанскиот спринтер Дарон Роблес остана без златниот медал во трката на 110 метри со пречки, на Светското првенство кое се одржува во Даегу.
Кубанскиот спринтер Дарон Роблес остана без златниот медал во трката на 110 метри со пречки, на Светското првенство кое се одржува во Даегу. Роблес финалната трка ја мина со најбрзо време, но на патот до целта, најмалку два пати со десната рака имал контакт со Кинезот Лиу Џијанг, кој трчал во соседната патека. Кинеската атлетска федерација веднаш по трката доставила жалба, која била прифатена од судиите, по што Роблес, актуелен светски рекордер во оваа дисциплина, остана без медал. Без резултат минаа обидите на Кубанскиот сојуз да ја поништи оваа одлука. Откако Роблес остана без медал, епилогот од финалната трка на 110 метри со пречки изгледа вака: нов светски првак е Американецот Џејсон Ричардсон, Луи Џијанг е втор, додека бронзениот медал го освои Британецот Ендрју Тарнер. крај/dnevni avaz.ba/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рики Рубио и се врати на кошарката

Рики Рубио повторно ќе игра кошарка. Познатиот шпански плејмејкер, човекот кој помина 12 години во НБА, пред две сезони се врати во Барселона, а потоа реши да се пензионира.
Рубио никогаш не криел дека имал проблеми со ментални проблеми, откако почина неговата мајка. По пауза од една година, Рики се враќа таму каде што сè започна.
Според каталонските медиуми, тој се согласил да се врати во Хувентуд, за кој дебитираше пред две децении, на возраст под 15 години. Овој плејмејкер ги освои ФИБА Еврокупот и УЛЕБ Купот со тимот од Бадалона, а потоа и Кралскиот Куп во 2008 година пред да замине за Барселона.
Спортскиот директор на Хувентуд, Жорди Марти, и тренерот Мирет го убедиле Рубио да и се врати на кошарката.
Во САД Рубио играше за четири клуба Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Хојлунд се враќа во Серија А

Расмус Хојлунд не успеа да се наметне како главен ирач во нападот на Манчестер јунајтед. Во две сезони постигна само 26 голови.
Според извештаите во Италија, поранешниот напаѓач на Аталанта, наскоро би можел да биде достапен за позајмица во Јувентус или Милан, сега кога Брајан Мбеумо го финализира својот трансфер од Брентфорд во Манчестер јунајтед.
Хојлунд ја напушти Аталанта за да му се приклучи на Манчестер јунајтед во трансфер вреден повеќе од 80 милиони евра во летото 2023 година.
Неколку клубови од Серија А беа поврзани со потенцијалното потпишување на данскиот интернационалец ова лето.
Доколку Манчестер јунајтед одлучи да го пушти Хојлунд на позајмица, Јувентус и Милан ќе бидат главните кандидати да го доведат, особено сега кога доаѓањето на Брајан Мбеумо обезбеди дополнителна ширина во нападот на Манчестер јунајтед.
EFE-EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Мората во Комо

Откако го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Галатасарај, Алваро Мората, кого Милан го потпиша со четиригодишен договор минатиот јули, ќе ја продолжи кариерата во Комо.
Галатасарај имаше опција да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра, но не ја активираше откупната клаузула.
Шпанскиот репрезентативец, поранешен играч на Реал, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, со тоа се враќа во Италија, но во дресот на нов клуб, потврди Фабрицио Романо.
Тој ќе ги засили напаѓачките опции на тимот на Сеск Фабрегас.
Foto/ EPA